Гратис билети и попусти

На студентите им даваме можност без надомест да ги посетуваат претставите, кои се во продукција на НУ Македонски народен театар, а се на репертоарот секој четврток. Од плаќање влезници целосно се ослободуваат децата без родители од 18 години, и 50% ослободување од плаќање влезници за лицата, кои до 18 годишна возраст имале статус на дете без родители.
На почетокот од изминатата театарска сезона МНТ воведе попуст од 50% за секој вторник и попуст за пензионерите, ова продолжува да важи и во новата театарска сезона исто така за претставите кои се во продукција на МНТ.
Регуларната цена на билетот е 300 ден. со попуст изнесува 150 ден.


 

Back to Top