Цели

ЦЕЛИ НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОДЕН ТЕАТАР

Македонскиот народен театар денеска работи со веќе постоечкиот уметнички ансамбл и ја продолжува својата традиција со создавање и изведување класични и авангардни драмски текстови и со промоција на македонската драматургија и драматика. На тој начин МНТ веќе го има изградено својот препознатлив стил и начин на изразување.
Целта на МНТ е ширење на театарската уметност во јавноста, пред се насочена кон (не) публиката, нивна анимација и едукативно театарско будење. Основната цел на МНТ а воедно и е еден од приоритетите, е да и се приближи на младината активно да размислува на темата култура и театар.

Зголемување на чувството на автономност во реализирање на проектите и работата во целост, резултатите од работењето да станат видливи како во МНТ така и пред јавноста, воедно нашата цел е да порасне угледот и да се подобри надворешниот и внатрешниот имиџ и реноме. Квалитетни и исклучително професионални со севкупниот ансамбл и вработените при создавањето и креирањето на секој нов процес – проект, како и ширење на меѓународна и културна соработка.

Желбата на сите кои се вклучени директно или индиректно во театарот е да се промени светот, колку таа амбиција звучи неизводливо, сигурни сме дека театарот кој се бави со социо – општествената проблематика, тоа сепак е можно, макар и со сосем мали чекори да се стигне до целта.

Исправени пред театарските предизвици

Како најстара и најголема театарска институција во Република Македонија, МНТ отсекогаш се соочувал со многу предизвици и задачи:

да ги негува класичните театарски вредности, но и да биде во тек со најновите и најмодерните театарски трендови;
да ги задоволи вкусовите и очекувањата на наједуцираната и најпребирливата театарска публика;
да вклучи на својот репертоар што поголем број театарски жанрови;
да ја афирмира и промовира националната драма на тој начин што ќе биде место каде ќе се поставуваат дела на најквалитетните домашни драмски автори;
да биде Театар околу кој ќе гравитираат најталентираните македонски актери, режисери, сценографи, костимографи;
театарски да ја едуцира публиката;
да придонесе кон развојот на нејзиниот вкус;
да проговори за најактуелните теми на денешницата;
да го овековечи минатото, да ја антиципира иднината, да засмејува, забавува, подзамисли, а понекогаш и расплаче…

ПРОЕКТИ КОИ ЌЕ СЕ РЕАЛИЗИРААТ ВО 2015 ГОДИНА

Македонскиот народен театар најавува значајна година!
1. „ДОН КИХОТ“ од Мигуел де Сервантес во режија на Александар Морфов
2. „ЗИМСКА БАЈКА“ од Вилијам Шекспир во режија на Томаж Пандур
3. „ЧИКАГО“ во режија на Наташа Полавска
4. „МОЈОТ СИН САМО МАЛКУ ПОБАВНО ОДИ“ од Ивор Мартиниќ во режија на Драгана Милошевска-Попова

Back to Top