Blog Full Width

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

ОБЈАВЕНО НА 18 октомври, 2016  - POSTED IN Uncategorized

Врз основа на член 76-а, 76-д, член 77-а став 1 и став 2, член 77-б, 77-г и член 77-д од Законот за култура, а во врска со Одлуката за објавување на јавен оглас бр.04 – 816/1 од 17.10.2016 година  и Согласност од Министерство за финансии бр. 03-814 од 14.10.2016 година, се објавува:

ЈАВЕН ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ НА НЕОПРЕДЕЛЕНО ВРЕМЕ

  1. НУ „Македонски народен театар“ – Скопје, има потреба од вработување на: Друг раководител – Раководител на работилници – едно лице со шифра КУЛ 03 04 Г01 003 на неопределено време, со полно работно време, (40 работни часа од понеделник до петок од 08.30 до 16.30.), нето плата, плата без минат труд ќе изнесува 28.000,00 денари.
  1. Кандидатот треба да ги исполни следните општи услови:

да е полнолетен,

да има општа здравствена способност за работното место и

со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

Покрај општите услови за пополнување на работно место друг раководител – раководител на работилници, кандидатот треба да ги исполни и следните посебни услови како:

  • Вид на образование: Средно машинско или средно електротехничко образование или високо образование со најмалку 240 кредити стекнати според ЕКТС или завршен VII/1 степен/ ликовна уметност или архитектура, урбанизам и планирање.
  • Работно искуство: најмалку 5 (пет) години во струката
  • Сертификат за работа со компјутерски програми за канцелариско работење, како и меѓународно признат сертификат издаден од официјален европски тестатор, член на здружението ALTE на европски тестатори, или уверение од меѓународна институција за познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски, германски) преку поседување на А1 (А1) нивото на ЦЕФР (CEFR), односно БУЛАТС или ТОЕФЕЛ ПБТ најмалку 310 бода, ТОЕФЕЛ ЦБТ најмалку 35 бода или ТОЕФЕЛ ИБТ најмалку 10 бода, или ДЕЛФ, ТЦФ, ТЕФ или Гете Сертификат.

Кандидатите кон пријавата треба да приложат:

– молба за вработување

– биографија

– уверение за државјанство (не постаро од 6 месеци)

– доказ дека има минимум пет години работно искуство во струката

– доказ за завршено образование

– сертификат за познавање на странски јазик и сертификат за работа со комјутер (горенаведени)

– потврда дека да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност (не постаро од 6 месеци)

– лекарско уверение за општа здравствена состојба на кандидатот (не постаро од 6 месеци)

Јавниот оглас трае 25 (дваесет и пет) дена од денот на објавување во дневниот печат. Постапката за селекција за вработување се состои од административна селекција за проверка на веродостојноста на доставените податоци и доказите доставени на јавниот оглас и интервју. Пријавите со потребни документи да се достават до архивата на Театарот или на адреса: НУ Македонски народен театар – Скопје, ул. 11 Март  бр. 3, 1000 Скопје. Некомплетно или ненавремено поднесените документи нема да се разгледуваат.

Директор:Дејан Пројковски

 

Back to Top