Купи билет он-лајн
Да тргнеме Сењор
Автор: АНА РИСТОСКА
Режисер: НЕЛА ВИТОШЕВИЌ

Да тргнеме сењор!

Претстава која ги отвора вечно неодговорените прашања за животот наспроти смртта. Пет испреплетени приказни, и седум лика, кои со многу емотивен, на моменти апсурдно-комичен тон преку нарација и внатрешни монолози, зборуваат за љубовта, среќата и тагата; за убавината на постоењето и минливоста на човечкиот живот.
„Таму каде што луѓето водат нормален живот, денот им се гледа долг, исполнет. Но тоа е лага. Одовде кога секој ден го гледаш само изгревањето и заоѓањето на сонцето, сфаќаш дека тоа е само миг. Дури да трепнеш со очите. Ден, ноќ “.

 

УЛОГИ
Игор Ангелов – Таткото, Дон Кихот
Драгана Костадиновска - Ќерката
Дениз Абдула – Санчо Панса
Ивица Димитријевиќ - Мажот
Софиа Насевска-Трифуновска - Жената
Катина Иванова - Старата
Александар Ѓорѓиески - Јоко


 

DaTrgnemeS_23-P

Извадоци од драмата:
„Волјата, како да ѝ ја врати одново волјата, а да не ѝ потврди дека ја губи“.


Мажот: „Да тргнеме сењор!“


„И ќе одиме така, ќе лутаме, а по улиците автомобилите ќе ни свират да се тргнеме од патот, и ќе не бараат секаде, двајца залутани дали сте виделе, ќе прашуваат, ама ќе ни биде гајле, зашто сѐ до смртта е животот. А тој нема да ја чека со скрстени раце. Нема да ја чека таа кога ќе посака да дојде. Нека го чека таа, таму некаде далеку, далеку нека го чека и нека се откаже чекајќи го“.


Ќерката: „Да тргнеме сењор!“


„Мал сум, ме стрижат нула. Студент сум, имам долга коса и брада. Татко сум, полека ме напушта косата, особено напред залистоците и над челото“.


Таткото: „Да тргнеме сењор!“


Сценограф: Костантин Трпеноски
Костимограф: Розa Трајческа - Ристовска
Избор на музика: Нела Витошевиќ


Изработка на видео анимација: Сергеј Светозарев


Адаптација на музика: Дениз Абдула, Ивица Димитријевиќ, Александар Ѓорѓиески, Игор Ангелов


Дизајн на плакат: Дамјан Момировски


Фотограф: Кире Галевски
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Дизајн на светло: Илија Тарчуговски и Владо Ќулавковски
Дизајн на тон: Ташко Грујовски
Инспициент: Перо Стратров
Суфлер: Тања Ивановска






ДА ТРГНЕМЕ СЕЊОР!


Пред десет години, некаде во почеток од моите студии на драматургија, режисерот Владе Цветановски ми рече дека сака да го работи „Дон Кихот“ со татко ми и дека би сакал да ме вклучи и мене, да направам драматизација. Тогаш, не се чувствував дека можам да го направам тоа, на дваесет години мислев дека ми е рано да работам со нив. Поминаа седум години додека тие  го реализираа својот проект, без мене. На денот на нивната премиера на „Дон Кихот“ јас бев во Виена, не знаев дека ќе биде нивна последна.
Чувството дека нешто им должам уште од пред десет години не исчезна. „Дон Кихот“ е и моја тема мислев отсекогаш, го сакам како што го сака секој што се занимава со нашава професија, со животот.
По заминувањето на татко ми ми беше побаран текст за монографијата, не можев да го напишам... Сѐ уште често ме измачува тој последен ден и сите недоискажани работи... Па го замислувам доцна во ноќта, Санчо Панса како мал дебел човек кој незабележан од никого го спушта ридот. Зад него на коњ седи една преубава дама. Брзаат пред да ги затекне сонцето и да го објави новиот ден. Каде одат? Кај својот сењор.
-Да тргнеме сењор! - го вика Санчо, татко ми.


Посветено на Кирил Ристоски,
Ана Ристоска

DaTrgnemeS_02-P
  • Година:: 2014
  • Премиера:: 22.12.2014
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?