Купи билет он-лајн
Изгубени Германци
[vc_gallery type="flexslider_slide" interval="3" onclick="link_image" img_size="full" images="2880" custom_links_target="_self" el_position="first last"][vc_tab title="Приказната" tab_id="1364511001-1-72"][vc_column_text el_position="first last"]ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ ИЛИ, ЛОВ НА ПЕПЕРУШКИ

Вистинската приказна
Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Втората светска војна, во Југославија, од високи инстанции од Белград, во Македонија доаѓа строго доверлива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓата помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. Наредбава е малку чудна бидејќи целото локално население знае дека рудникот го напуштиле некои Французи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот Рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно педантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека остварувал големи приходи. Кој да се сомнева во германската прецизност!


Што се случило?
Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а тие го плаќаат, во Берлин, тоа што не е ископано.
Оваа драма му ја посветувам на мојот дедо Ристо Дуковски


Дејан Дуковски[vc_tab title="Раскажувачите" tab_id="1364511001-2-71"][vc_column_text el_position="first last"]Автор: ДЕЈАН ДУКОВСКИ
Режисер: СЛОБОДАН УНКОВСКИ

УЛОГИ
Тони Михајловски – Ото
Камка Тоциновски – Марија Лили Марлен Дитрих
Јордан Симонов – Адолф
Јовица Михајловски – Бењамин
Никола Ристановски – Кристијан
Звездана Ангеловска – Винченцо
Оливер Митковски – Рик
Емил Рубен – Тито
Сања Арсовска – Војничко радио Белград

Сценограф: Виктор Михајлов
Костимограф: Бојана Никитовиќ
Кореограф: Кренаре-Кери Невзати
Автор на плакат: Срѓан Јаниќијевиќ
Вокален тренер: Ана Христова
Помошник на режисерот: Јане Спасиќ
Продуценти: Виктор Рубен и Симона Угриновска
Асс. на режисерот (волонтери): Драгана Стојчевска, Милош Андоновски, Ангелчо Илиевски (*студенти на ФДУ по режија во класата на проф. Слободан Унковски)[/vc_tabs]
  • Година:: 2013
  • Премиера:: 06.02.2013
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?