Купи билет он-лајн
Последна шанса

Автор: МИРЈАНА БОБИЌ МОЈСИЛОВИЌ
Режисер: СИНИША ЕВТИМОВ


Последна шанса е монодрама, која се занимава со ефектот на суперфицијалниот вирус, кој преку мејнстрим медиумите, ја инфицира секоја пора на нашето совремие. Се работи за псевдо реално шоу во кој ја следиме „неверојатната“ животна приказна на еден сосема обичен човек. Совршен почеток за секое реално шоу зар не. Особено сите оние инспирирани од Големиот брат, на Орвел, кој никогаш не го потценил сопствениот род дотаму, за да помисли дека неговиот свет, неколку децении подоцна, ќе биде интерпретиран на така тривијален начин. Реалните шоуа од типот на Големиот брат (Big Brother) и неговите безбројни дегенерирани и мутирани нуспојави, полека но сигурно ја турка ТВ популацијата во деволуционен процес, кој неминовно води кон идиократија. Воаејризам како оправдание за сопствените неуспеси. Tabula rasa. Лесен плен за кој било државник со здрав концепт за контрола. Кругот се затвора и повторно доаѓаме до Големиот брат, но сега оној поблиску до оригиналниот свет на Орвел.


IMG_9117 BW


Мирјана Бобиќ Мојсиловиќ, писателка и сликарка

Долги години работеше како новинарка во најзначајните весници на Југославија и на Србија, беше авторка и водителка на многу ТВ емисии. Книжевната кариера ја почна во 1997 година, со збирката приказни „Бабо, не ме прашувај ништо', и оттогаш објави десет романи, бестселери, две книги со драми и две книги со есеи.


Претставите на нејзините драмски текстови („Верица меѓу сливите“, „Солзите се О.К.“, „Имитација на животот“, „Последна шанса“, „Погоди кој доаѓа на вечера“) се играат со голем успех во Народниот театар во Белград, Театар „Атеље 212“, Театарот „Звездара“ театарот, Театарот „Култ“, на сцената на Браќата Стаменковиќ, Театарот „Аполо“ во Братислава...


Живее и работи во Белград, како слободна уметничка.


Драмскиот текст „Последна шанса“ за прв пат се поставува кај нас и ќе се игра во Македонски народен театар.

УЛОГА: Весна Петрушевска

[vc_single_image image="3472" alignment="center" border_color="grey" img_link_target="_self" img_size="large"]
  • Година:: 2014
  • Премиера:: 21.05.2014
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?