Купи билет он-лајн
Вечна куќа

ПРВА СЦЕНА Изгрејсонце над Ерусалим. Блескаат вечните градби на Ѕидот на плачот, Црквата на раѓањето и Воскресението, и џамијата Ал Акса. Рабинот Ицак Коен седи на камениот стол и чита со прстите пораки од различни страни на светот. Пред него како во молитва и задржан тивок плач е застаната Стела Бенвениста, со поглед упатен во неговото лице.

РАБИНОТ: Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.

СТЕЛА БЕНВЕНИСТА: Рабине мој, чекам не од вчера, не од завчера, не од утре, не од задутре, не од лани, не од оломнани, од многу одамна чекам, чекам цели 62 години. Ден по ден. Ноќ по ноќ, и еве оваа ноќ што траеше повеќе од вечност решив на изгрејсонце да дојдам и да те видам, кажи ми рабине мој, кога, кога и кога?

РАБИНОТ: Најдрага пријателке Стела Бенвениста, само ти од Јудејците сите, од морето средоземно цело можеш на изгрејсонце во тајните на мојата темница да влезеш, Вистина ти велам, наречено е, од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.

СТЕЛА БЕНВЕНИСТА: (Се свртува кон сликата на Ерусалим, паѓа на коленици пред него) Господе, рабине мој, облеј ме со твојата мудрост, по патот на сонцето еднаш и за секогаш кон Македонија да тргнам.

РАБИНОТ: Со сиот мрак во моиве од невидлива светлина изгорени очи јасно гледам, објавено е на зрак прероден во лебед низ бели облаци виножита што сечат – од Ерусалим во Македонија ќе појдеш! (…)

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?