Иван Сергеевич Тургењев е руски писател, поет и драматичар, роден пред точно двестe години – во 1818 г. Во историјата на литературата останува препознатлив по реалистичните портрети на руските села, но и по студиите на руската интелигенција со кои настојувал да ја поттикне сопствената земја на чекор кон новото време. По, најблаго речено, неповолните реакции на едно од неговите капитални дела, романот „Татковци и деца“, Тургењев ја напуштa Русија и оди во Франција, каде што во 1883 г. умира. Денес се смета за класика на светската литература. „Еден месец на село“ е едно од најдобрите дела во неговиот литературен опус. Таа е една од првите реалистични драми што историјата на литература ги класифицира во рубриката „модерен реализам“ пред сè поради поместениот фокус на нејзиниот интерес, нарушените односи и дејства, изневерените мотиви, тишината на местото на говорот, но и стихијата на јазикот, привременоста на збиднувањето, заводливоста на паралелните приказни, потиснатите копнежи и прокоцканите шанси. Како што и самиот автор ја поднасловува ―„комедија“ во пет чина, драмата е напишана во 1850 г., објавена во 1855 г., и првпат професионално е изведена во 1872 г. Раскажува типична „селска приказна“, во која Наталија, сопруга на богат човек, и младата Верочка се вљубуваат во истото момче, студент, учител на синот на Наталија. Така скроената ситуација Тургењев „ја полни“ со разни љубови, односно љубовни обиди. За некои ликови таа љубов е извор на надеж за подобра иднина, за некого е занес во кој привремено се губи себеси, некој пак љуби од навика, некој се согласува со целата илузија, а некој благодарение на љубовта повторно се чувствува жив. На сцената проаѓаат луѓе кои се обидуваат да размислуваат, да мечтаат и да живеат. Се обидуваат да се борат и да се надеваат. Тие се истовремено и тажни и смешни, бидејќи условите во кои се среќаваат и во кои пропаѓаат нивните различно доживеани љубовни (не)прилики се тесни и досадни. Ни поставуваат прашања, но и самите на нив ниту можат ниту знаат да одговорат. Прашањата за смислата на љубовта, за сето она што важно ја одредува нивната егзистенција, но по претпоставка и егзистенцијата на оние кои ги гледаат од замрачено гледалиште. Истовремено тажни и смешни, тие ликови се обликувани слоевито и современо, а драмските ситуации, карактерите и чудниот хумор ширум ја отвораат вратата на чеховската атмосфера. Смеењето како естетско доживување се претвора во интелектуално наметнување на духот, цинично потчинување и потсмевање на љубовта, нежноста, уметноста и религијата. Тие секогаш со себе ги носат актуелните егзистенцијални прашања за смислата на постоењето, оптоварени со обидот за формулирање на границата на слободата и потребата од етичките и естетските вредности. „Сите чувства можат да нè доведат до љубов и страст, сите: омразата, сочувствувањето, посветеноста, пријателството, стравот. Да, сите освен едно - препознавањето. Препознавањето е долг, а секој човек ги плаќа сопствените долгови. Но, љубовта, љубовта не се плаќа.“, вели Тургењев. Страшниот копнеж по љубов ја прави нивната реалност неподнослива, прикажувајќи ја својата бесмисленост. Тој привид на животот на кој се осудени ги покажува само изневерените очекувања, покажува дека не може да се очекува олеснување. Нема излез. Крајот упатува на општ хаос, заминување без враќање, безнадежни жртвувања, губење поддршка, очај и каење. Напукнатата приказна веќе не успева да се поврзе, а ликовите немаат цврста поткрепа. Сликата на светот се распаѓа во неповрат, а во нејзините парчиња ги препознаваме и сопствените неуспеси и промашувања. „Еден месец на село“ се случува во овој век или следниот или кога сакате. Бидејќи ваквиот театар многу ретко застанува во времето, тој се обидува да му отстапи простор на духот. Жељка Удовичиќ, драматург АКТЕРСКА ЕКИПА КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПА АКТЕРСКА ЕКИПА Улоги:Аркадиј Сергеич Ислаев, богат земјопоседник ― ЃОРЃИ ЈОЛЕВСКИНаталија Петровна, негова сопруга ― САШКА ДИМИТРОВСКАКоља, нивни син ― ЛУКА СОФРОНИЕВСКИ / ДИМИТАР ИЛИЈЕВСКИ / АЛЕКСАНДАР ЦВЕТКОВСКИ (дете)Вера Александровна, млада девојка (штитеничка на семејството) ― ДАРЈА РИЗОВААна Семјонова Ислаева, мајка на Ислаев ― КАТЕРИНА КОЦЕВСКАЛизавета Богдановна, воспитувачка, гувернанта на Коља ― ТИНА ТРПКОСКАШаф, Германец, домашен учител ― АЛЕКСАНДАР МИКИЌМихаил Александрич Ракитин, куќен пријател ― НИКОЛА РИСТАНОВСКИАлексеј Николаич Бељаев, студент, учител на Коља ― СТЕФАН СПАСОВ / ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИАфанасиј Иванич Бољшинцов, сосед ― НИНО ЛЕВИИгнатиј Иљич Шпигељски, доктор ― САШКО КОЦЕВМатвеј, слуга ― ДАМЈАН ЦВЕТАНОВСКИ / СТЕФАН СПАСОВКатја, слугинка ― АНА СТОЈАНОВСКА КРЕАТИВНА И ТЕХНИЧКА ЕКИПАСценограф: Лоренцо БанчиКостимограф: Мануела ПаладинКомпозитор: Љупчо КонстантиновАсистент на режисерот: Дамјан КостовскиАсистент на сценографот: Џулија БарниАсистент на костимографот: Илина АнгеловскаЛектор: Тодорка БаловаИнспициент: Вукица АлександроваСуфлер: Тања ИвановскаСветло - мајстор: Игор ЃеоргиевСветло – оператори: Дарко Младеновски и Горјан ТемелкоскиФотограф: Кире ГалевскиДизајнер на плакат: Зоран КардулаГрафички дизајнер на програмка: Димитар ДимитровПиротехничар: Методија НајдовскиТон – мајстор: Александар АрсиќТон – оператор: Александар ПетровскиГардеробери: Валентина Чонкова, Скендер Бериша, Светлана АпостолскаРеквизитери: Снежана Грнчаревска и Боби ГелиќШминкери и фризери: Бранка Пљачковска и Моника ГрковскаДекоратери: Мартин Китановски, Влатко Бојчевски и Никола Николовски