АКТЕРСКА ЕКИПА КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА БЕЛЕШКА ОД ДРАМАТУРГОТ АКТЕРСКА ЕКИПА Таткото Доксе - Александар МикиќМајката Грациела - Тања КочовскаЌерката Ана - Нина Деан/Софиа Насевска-ТрифуновскаТоше - Ивица Димитријевиќ КРЕАТИВЕН ТИМ И ТЕХНИЧКА ЕКИПА Извршен продуцент: Виктор РубенСценограф: Татјана Блажевска - ХристоваКостимограф: Ивана Каранфиловски - Уруговска Насловна нумера „Кец на десетка“ Музика: Yazoo – Only YouТекст, аранжман и продукција: Александар Митевски Изведуваат: Тања Кочовска, Нина Деан, Драган Спасов - Дац, Александар Микиќ и Ивица Димитриевиќ Изработка на плакат: Срѓан ЈаниќијевиќИнспициент: Александар РајковскиСуфлер: Зорица БлагоевскаСветло – мајстори: Игор Ѓеоргиев/Игор МитревскиТон – мајстор: Александар АрсиќГардеробер: Валентина ЧонковаРеквизитер: Златан БојчевиќФризер и шминкер: Бранка Пљачковска БЕЛЕШКА ОД ДРАМАТУРГОТ ЕДНОСТАВНА МИСИЈА Кога едно сосема нормално семејство ќе се собере за да се запознае со идниот зет, се очекува секој да даде сѐ од себе, да ги смири своите човечки слабости, ако ги има, нели, да ги потисне внатрешните проблеми, не толку сјајните карактерни особини, фактот дека можеби сте пред развод... Се очекува да оставите максимален впечаток на другата страна, до степен да се прашува со што ја заслужил таа неверојатна среќа да ве сретне токму вас како прибежиште, како иднина, како судбина... Целта не ви е да ја доведете конкретната персона во заблуда но доколку персоната се доведе сама, вие не сте виновни! Најважно за такви ситуации е да не се дозволи ни случајно работите да излезат надвор од контрола, тоа, никако, не! И затоа, секој од присутните треба да направи сѐ што е во рамки на неговите можности за да не дојде до такво нешто. Ситуациите од таков тип имаат силен комичен потенцијал. Темата ни е блиска на сите нас и во случајот, се разбира, функционира како комедија. Извадено е на површина се што е комично а тоа го има во изобилство, било како глума, било како свежи и сочни дијалози, било како општа приказна. Хуморот е спонтан, природен и брзо освојува. Сцената лесно комуницира со публиката. Мисијата е многу едноставна: публиката да дојде, да ужива во претставата, да си отиде насмеана и задоволна, а утре на работа или во школо да каже каде била и колку убаво си поминала. Митко Бојаџиски