Купи билет он-лајн

Грчкиот кореограф Димитрис Сотириу за првпат работи на претстава во МНТ

На сцената на Македонскиот народен театар во Скопје на поставувањето на новата претстава „Галеб“, по текст на Антон Павлович Чехов и во режија на Нина Николиќ, работи и грчкиот кореограф Димитрис Сотириу (1968, Солун).Димитрис Сотириу студирал правни науки на Универзитетот „Аристотел“ во Солун (1986 ― 1990), а потоа се запишал…

„Не се клади на Енглези“ хуманитарно за Сара

Македонскиот народен театар и во ноември ќе има хуманитарна претстава за помош на Сара Настеска од Охрид Македонскиот народен театар продолжува со учеството во хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која е дијагностицирана Anemia aplastica, болест за чие лечење е неопходна трансплантација на коскената срж. Македонскиот…

МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР ЗА САРА

Почитувани, Македонскиот народен театар се приклучува на хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која неодамна е дијагностицирана ANEMIA APLASTICA, болест што ја напаѓа коскената срж и не дозволува правилна регенерација на крвта во организмот, па неопходна е трансплантацијата на коскената срж.  За таа цел, Македонскиот…

Македонскиот народен театар со „Кец на десетка“ гостува на фестивалот „Ин Виница веритас“ во Виница

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 24 октомври ќе биде изведена на меѓународниот фестивал на хуморот и сатирата „Ин Виница веритас“, кој се одржува во Домот на културата „Тошо Арсов“ во Виница. Во комедијата „Кец на десетка“ играат: Александар Микиќ (Таткото Доксе), Тања Кочовска (Мајката…

Во тек се подготовките на претставата Галеб

Во Македонскиот народен театар во тек се подготовките на претставата „Галеб“ по текст на Антон Павлович Чехов во режија на Нина Николиќ. Претставата е дел од годишната програма на националната установа Македонски народен театар за 2018 година.  Московската премиера на текстот „Галеб“ се случила пред точно 120 години и тоа…

Доајенот Петре Арсовски добитник на државната награда 11 Октомври

Актерот Петре Арсовски, доајен на македонското актерство и на Македонскиот народен театар, ја доби државната награда „11 Октомври“ во 2018 година како највисоко признание за животно дело во областа на културата и уметноста од јавен интерес на Република Македонија. Наградата му беше врачена во Собранието на Република Македонија. Петре Арсовски…

Отворен повик за пријавување на работилницата „Вовед во дизајнот на светлото и креативната комуникација“ со Крис Јегер

Македонскиот народен театар објавува отворен повик за учество на петдневната работилница „Вовед во дизајнот на светлото и креативната комуникација“. Работилницата ќе се одржи во просториите на Македонскиот народен театар од 26 до 30 ноември под менторство на британскиот театарски дизајнер на светло, Крис Јегер.На предавањата ќе бидат опфатени претставите „Ничија…

Претставата „Разговори во четири очи“ ја освои наградата на жирито на фестивалот „Московски ноќи“ во Русија

Претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ ја освои наградата на жирито за најдобра претстава на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што од 5 до 9 октомври се одржа во Митишчинскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија. Во жирито на фестивалот учествуваа познати руски театарски…

Македонскиот народен театар со „Кец на десетка“ гостува на 21. „Денови на комедијата“ во Куманово

Комедијата „Кец на десетка“ во продукција на Македонскиот народен театар на 9 октомври ќе биде изведена на сцената во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во рамките на програмата на 21. фестивал „Денови на комедијата“ во Куманово. Фестивалот почна на 2 октомври и ќе трае до 18 октомври со гостување на театри од Србија, Албанија,…

Македонскиот народен театар со „Разговори во четири очи“ ќе гостува на „Московски ноќи“ во Русија

Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, според текстот на Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, ќе гостува на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, што ќе се одржи од 5 до 9 октомври во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија.Според програмата на…

Купи билет - Онлајн

НУ Македонски народен театар, со големо задоволство ви ја најавува сопствената онлајн продажба на билети „КУПИ БИЛЕТ – ОНЛАЈН“ www.mnt.mk. На љубителите на театарската уметност, НУ МНТ им овозможува поедноставен и полесен пристап до билет и дава ексклузивна продажба на билети преку сопствената продажна мрежа.Интернет продажбата овозможува плаќање на билети…

„БУРЕ БАРУТ“ – Босанската премиера е на 21.9 - Наскоро и во рамките на МОТ на сцената во МНТ

Претставата „Буре барут“, во режија на Нина Николиќ, по истоимената драма на Дејан Дуковски денеска, 25 години по праизведбата на драмата, сѐ уште зборува за актуелни теми присутни во секојдневието на луѓето кои живеат на „овие простори“. Претставата зборува за бруталниот круг на насилството, кој во агонијата на непрекинатоста, полека…

Симона Угриновска, директор на НУ Македонски народен театар

Почитувани, На 3 септември 2018 г., од страна на министерот за култура на Р.М Асаф Адеми, за директор на НУ Македонски народен театар беше именувана Симона Угриновска. Имено, Угриновска назначена е за директор од позиција на в.д директор и по нејзиното искуство како продуцент во матичната куќа МНТ, каде работи…
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?