МНТ FM - Слушајте театар
21.6 | 21:00 Хуманитарна - Не се клади на Енглези - ДА ГИ СПАСИМЕ МЛАДИТЕ ЖИВОТИ!

 

Претставата "НЕ СЕ  КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ" на 21 јуни во 21:00 хуманитарно ќе се одигра на големата сцена во МНТ, а собраните сретства ќе бидат донирани за лекување на малиот Гоце Марковски кој боледува од тумор на мозокот, и на кој му се потребни средства за лекување. Средствата ќе се донираат и за 24 годишната Марина Јовановска која има итна потреба од третмани и лекарства во Берлин, Германија. Марина боледува од nystagmus и rethinopatia pigmentosa sine pigmento, кои се многу ретки болести на очите кои доведуваат до слепило и за жал во Република Македонија не се лекуваат.

Поради таа причина во МНТ со изведбата на хит претставата "НЕ СЕ КЛАДИ НА ЕНГЛЕЗИ" се организира хуманитарна акција како би се помогнало да се спасат овие два млади животи, за нивно успешно излекувања и опоравувања.

Сите подетални информации околу жиро сметките и банките депоненти, како и отворените телефонски линии за донации, се објавени на Facebook страната на Македонски народен театар.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата Купи карти за се, по цена од 300 ден. 

Биди хуман! 

Автор: ВЛАДИМИР ЃУРЃЕВИЌ 

Режисер: СИНИША ЕВТИМОВ 

Претстава која го третира феноменот „спортско обложување“. Текстот во суштина се занимава со прицините и последиците од истиот. Бескрајно долгата транзициска беда, надежта на пониските социјални слоеви за брза заработка, дегенерација на нацијата итн. 

Жанровски претставата е комедија, но во текстот може да се насетат и болните аспекти на девијантната појава, обложувањето. На секундарно ниво оваа претстава ја истражува и границата помеѓу човековата себичност и искреното пријателство. 

УЛОГИ 

Сашко Коцев – Паун 

Оливер Митковски – Пикси 

Александар Микиќ – Буле 

Сценограф: Илина Ангеловска (мебел – Home by Almak) 

Костимограф: Ана Данчевска 

Превод: Александар Микиќ 

Светло – мајстор: Владо Ќулавковски 

Тон – мајстор: Ненад Трпеновски 

Инспициент: Никола Кимовски 

Фотограф: Драган Гајиќ

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?