23 мај во МНТ гостува Народно Позориште Белград и БИТЕФ Театар

На 23 мај во МНТ гостува Народно позориште Белград со претставата „ЦАРСТВО НЕБЕСКО“ - ЕПИКА БАЛКАНИКА
Претставата се игра на две локации. Првата локација е на големата сцена во Македонски народен театар со почеток во 19:00 (траење 90 минути), и втората локација е Младински културен центар во кино „Фросина“ во 21:00 (траење 45 минути).


НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ БЕЛГРАД И БИТЕФ ТЕАТАР 
ДРАМСКА СЦЕНА „РАША ПЛАОВИЌ“ И СЦЕНА БИТЕФ ТЕАТАР


Режисер: ЈЕРНЕЈ ЛОРЕНЦИ 
Драматург: МАТИЦ СТАРИНА 
Сценограф: БРАНКО ХОЈНИК 
Костимограф: БЕЛИНДА РАДУЛОВИЌ
Композитор: КАРМИНА ШИЛЕЦ
Кореограф и асистент на режисерот: ГРЕГОР ЛУШТЕК
Дизајнери на светло: МИОДРАГ МИЛИВОЈЕВИЌ, БРАНКО ХОЈНИК, ДРАГАН ЃУРКОВИЌ
Aсистенти на режисерот: ТАРА МАНИЌ, ЈУГ ЃОРЃЕВИЌ, РАСТИСЛАВ ЌОПИЌ
Сценски говор: ЉИЉАНА МРКИЌ ПОПОВИЌ
Извршни продуценти: ЈОВАНА ЈАЊИЌ, МИЛОРАД ЈОВАНОВИЌ 
Организатор: НАТАЛИЈА ИГЊИЌ

Играат:
ОЛГА ОДАНОВИЌ
НАТАША НИНКОВИЌ
НАДА ШАРГИН
ХАНА СЕЛИМОВИЌ
БРАНКО ЈЕРИНИЌ
БОЈАН ЖИРОВИЌ
НИКОЛА ВУЈОВИЌ
МИЛУТИН МИЛОШЕВИЌ
СЛАВЕН ДОШЛО

Инспициент: Сања Угриниќ - Мимица
Суфлер: Гордана Перовски 
Асистент на сценографот: Дуња Костиќ
Асистент на организаторот: Милош Голубовиќ
Мајстор за маска: Марко Дукиќ
Мајстор на сцена: Дејан Раденковиќ
Тон-мајстор: Тихомир Савиќ

Техничка реализација Битеф театар:
Шеф на техника: Љубомир Радивојевиќ
Светло-мајстор: Игор Миленковиќ
Тон-мајстори: Мирољуб Владиќ, Југослав Хаџиќ
Инспициент: Маја Јовановиќ
Декорот и костимите се изработени во работилниците на НАРОДНО ПОЗОРИШТЕ


Царство небеско – Епика балканика ја обработува српската епска поезија. Режисерот Јернеј Лоренци ја обработува оваа тема „поради љубовта кон древните приказни и песни, како први документи на нашата цивилизација. Ме интересираат темите, мотивите, дилемите, кои се тие страдања и мечти, и каква врска има сето тоа со нас денес. Многу заедничко. Во епиката работите се малку посурови, непосредни, со помалку лаги. А и страстите помалку се кријат. Ме фасцинира мечтата во приказните и песните, бидејќи имагинацијата е најголемата привилегија на човековото постоење. Српските песни се одлична комбинација на историјата, од една страна, и митологијата, од друга страна. Понекогаш дури и митоманијата. Тој раб помеѓу историјата и митоманијата ме е особено интересен, сé она архетписко, важно за нашата потреба за раскажување на приказни.“

(извадок од интервју со режисерот)

ЈЕРНЕЈ ЛОРЕНЦИ е роден 1973 г. во Марибор, Р. Словенија. Со режија почнува да се занимава уште како средношколец, во „Мртво гледалишче“, Марибор. Дипломирал во 1999 г. со претставата „Антигона“ од Софокле. Учествува во основањето на Позоришна школа на Првата гимназија во Марибор, 1997 г. По завршувањето на студиите, почнува да режира во театрите низ Словенија, Хрватска и Босна и Херцеговина. Лоренци бил и уметнички директор на „Местно гледалишче Птуј“. Прво работи како асистент од 2006 г., а потоа и како вонреден професор на отсекот Театарска и радио – режија на Академијата за театар, радио, филм и телевизија во Љубљана. Добитник е на многу награди, вклучувајќи ја и наградата на фестивалот во Марибор за најдобра претстава („Прочистени“ од Сара Кејн, 2002 г. и „Полудена локомотива“, 2012 г., и двете се во продукција на Словенско народно гледалишче од Љубљана), Гран При на Фестивалот „Златен лав“ во Умаг (за претставата „Прочистени“, 2002 г., СНГ Љубљана), Награда за најдобра претстава на фестивалот Ex Ponto („Копнеж и смрт“ од Силвија Плат, 2003 г., „Сараевски ратни театар“ САРТР, во копродукција со Културното друштво Б-51 од Љубљана, 2003 г.), три награди од Театарскиот фестивал во Марибор за најдобар режисер („Еп за Гилгамеш“, 2006 г., во адаптација на Небојша Поп Тасиќ, СМГ, Есхиловата „Орестија“, 2009 г., СНГ Љубљана, и „Олуја“ од Александар Николаевич Островски, 2012 г., МГЉ), наградата „Златна насмевка“ за најдобар режисер на 35. Денови на сатира во Загреб 2011 г., награда за најдобар режисер на БИТЕФ во Белград, Прешерновата награда 2014 г., наградата од Политика за најдобар режисер на 49. БИТЕФ (Хомеровата „Илијада“, 2015 г., МГЉ и Цанкарев дом), награда „Анѓелко Штимац“ за најдобар режисер на 23. меѓународен фестивал на мали сцени во Риека („Полудена локомотива“, 2016 г. СНГ Љубљана) и „Златен ловоров венец“ на сараевскиот МЕСС за „Крал Иби“ СНГ Љубљанa.

Билетите се пуштени во продажба, а може да се купат само на билетарницата во МНТ.

*Цената на билетот е 1000 денари.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

https://www.narodnopozoriste.rs/carstvo-nebesko-epika-balkanika

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk