26.04 | Скопската премиера на „Планинските Џинови“, режисер Паоло Маџели | 20:00
*За премиерната изведба на 26.04 студентите имаат слободен влез
Следните изведби ќе бидат на 27 и 28 април со почеток во 20:00

На 2 март во Риека, Хрватска, премиерно беше прикажана претставата „Планинските џинови“ од Луиџи Пирандело, во режија на Паоло Маџели. Дел од ансамблот избран од режисерот Маџели се и актерите Џевдет Јашари (во улогата на сестраниот актер Баталиа) и Фисник Зеќири (во улогата на Тушко Туш). 
Претствата е дел од регионалниот проект „(Ре)Откривање на Европа„ кофинансиран од ЕУ, Креативна Европа и е копродукција на: Италијанската драма при Хрватскиот народен театар „Иван Зајц“, Риека, Хрватска; Словенечки Стален театар, Трст, Италија; Унгарскиот театар КДЗС Суботица, Србија; Германскиот театар Темишвар, Романија и НУ Албански театар, Скопје. 
По премиерата и репризите во Риека, „Планинските џинови“ беше изведена во Трст, Темишвар и Суботица. Скопската премиера е на 26 април во Македонскиот народен театар, а следуваат репризи на 27-ми и 28-ми април. 
Преставата се изведува на италијански, словенечки, албански, унгарски и германски јазик. Во Скопје ќе биде обезбден титл на албански и на македонски јазик. 
„Планинските џинови“ е последното дело на Луиџи Пирандело, виртуозот на театарскиот збор, кому шведската академија во 1934 година му ја додели Нобеловата награда за „смело и инвентивно оживување на драмската и сценската уметност. Ремек делото „Планинските џинови“ остана недовршено поради смртта на авторот. Вака крајот на делото е оставен на нашето мечтаење и на волјата на идните времиња“. „Планинските џинови“ претставува мит за уметноста. Современа бајка која ги руши бариерите меѓу актерите и публиката, меѓу реалното и нереалното. Приказната следи актерска трупа која лутајќи низ едно недефинирано место и време, во простор кој се наоѓа меѓу стварноста и бајката. Во таа магија на нивната заедничка невозможна потрага по универзалната вистина, се станува можно. И разбирливо. Со моќта на театарот. Различните јазици кои се користат во оваа претстава само привидно се разликуваат. Сите ги разбираме. И токму нивната различност ја покажува универзалноста на нашиот јазик – јазикот на театарската уметност. „ – Жељка Удовичиќ - Плештина, драматург. 
Проектот е инициран со цел подигнување на свеста за значењето на плурализмот во современа Европа и еднаквоста на сите идентитети. Цел на „(Ре)Откривање на Европа“ е култивирање на публика сензитивна кон различностите, публика која не само што ќе го толерира другото и различното, туку ќе го прифати истото како еднакво. 
Инаку, дел од проектот се и бројните истаржувачки и едукативни активности, како за дејците од сферата на култура, така и за публиката. Професионалците и студентите на уметноста ќе имаат можност да бидат дел од работилниците и предавањата „Инкубатори на знаењето“ и „од Пирандело до Брексит“, а публиката ќе се приклучи во „Пазарот на театарското знаење“ и „Перфромативна кујна: диверзитетот на готвењето”.


Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ.
*Цената на билетот е 300 ден.
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk