Купи билет он-лајн
27 МАРТ СВЕТСКИ ДЕН НА ТЕАТАРОТ „ОТВОРЕН ДЕН ЗА СИТЕ ВО МНТ“ - „СИЛЈАН ШТРКОТ ШАНЦА“

Почитувани љубители на театарот,

По повод светскиот ден на театарот 27 март на големата сцена во Mакедонски народен театар во 21:00 ќе се одигра претставата „Силјан штркот шанца“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.
За сите љубители на театарот кои сакаат да го одбележат овој светски ден во МНТ, ќе имаат можност оваа изведба да ja гледаат бесплатно, а билетите треба да ги подигнат еден час пред почетокот на истата.
Непосредно пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани македонската порака која оваа година ја напиша актерот Сашко Коцев. Освен оваа порака ќе бидат прочитани и делови од останатите пет 
светски пораки добиени од Македонскиот центар на ИТИ, одговорни за овој настан - Светскиот ден на театарот. Пораките ги напишаа: Сабина Берман - Писател, драмски автор, новинар од Мексико, Сајмон МекБарни – театарски и филмски режисер од Велика Британија, Маја Збиб - театарска режисерка, изведувач, писателка, коосновач на Театарската Куќа „Зукак“ од Либан, Рам Гопал Баџаџ - театарски режисер, театарски и филмски актер, академик, поранешен директор на Националната драмска школа, Делхи - Индија и ВереВере Лајкинг Гнепо - мултидисциплинарен уметник од Брегот на слоновата коска од Африка.


Со почит, 
НУ Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?