МНТ FM - Слушајте театар
3.6 | 19:30 Отворање на МНТ-ФЕСТ | Изложба на фотографот Драган Гајиќ- фотографии од театарски претстави

Драган Гајиќ (1967) дипломира на Факултетот за драмски уметности на отсек камера, а постдипломски студии завршува на New school for social research, Њујорк, САД, на отсек фотографија и маркетинг. Започувајќи од 2000 година, работи на голем број на филмови и ко-продукциски проекти како асистент на камера, во Македонија и странство. Директор е на фотографија на повеќе македонски серии, документарни филмови, ТВ филмови, реклами и музички спотови. Работи и фотографи на рекламни кампањи, едиторијали, каталози и слично.

Со фотографија се бави од своја шестгодишна возраст кога татко му Душан Гајиќ, директор на фотографија на многу филмови во тогашната СФРЈ, ќе му го подари првиот апарат од марката Зенит.

Досега има учествувано на повеќе самостојни и групни изложби на фотографија како дипломска изложба на New school for social research, Њујорк, САД, самостојна изложба во SUBWAY New York, и групната изложби National Geographic- Македонија (Мала Станица).

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?