Купи билет он-лајн
Доајенот Петре Арсовски добитник на државната награда 11 Октомври

Актерот Петре Арсовски, доајен на македонското актерство и на Македонскиот народен театар, ја доби државната награда „11 Октомври“ во 2018 година како највисоко признание за животно дело во областа на културата и уметноста од јавен интерес на Република Македонија. Наградата му беше врачена во Собранието на Република Македонија.

Петре Арсовски (1945) е актер за кој многупати е констатирано деке е „жива легенда“ на македонскиот филм и театар. Во НУ Македонски народен театар – Скопје се вработил во 1974 година, откако дипломира актерска игра на Факултетот за драмски уметности – Скопје, во првата класа под водство на проф. Илија Милчин.

Во Македонскиот народен театар останува сè до пензионирањето во 2009 година. И по официјалното заминување во пензија тој е од оние актери кои го потврдуваат сознанието дека за добриот актер сцената секогаш е отворена/го чека – сè додека може. Арсовски и сега, речиси една деценија по заминувањето во пензија, постојано го има/игра ликови во претстави, без разлика дали се тие дел од редовниот репертоар на МНТ или на други сцени, во независни продукции, во долгометражни и краткометражни филмови, во филмови и ТВ серии во Македонија и вон Македонија. Пред неколку дена Арсовски се врати од Русија, каде „Разговори во четири очи“ ја освои главната награда на жирито за најдобра претстава на фестивалот „Московски ноќи“.

Првата улога Петре Арсовски ја остварува во 1968 година во претставата „Венецијански близнаци“ (продукција: МНТ – Скопје), чија премиера е одржана на 12 декември 1968 година. Токму оваа 2018 година се навршуваат 50 години негов живот на сцената на МНТ – Скопје.

Во творечкиот/актерски опус на Петре Арсовски досега се запишани импозантен број на искреирани и одиграни ликови. Искажано низ бројки за тој опус сведочат ликовите во 52 претстави на сцената на МНТ, 15 на други сцени, 77 ликови во македонски филмови и ТВ сериии, филмови во некогашната југословенска продукција, во европските продукции и во повеќе држави на Балканот.

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?