„Макбет“ на два фестивали во месец јуни

Во рамките на 54. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, Македонскиот народен театар ќе гостува со претставите „Макбет“ и „Силјан Штркот шанца“. Фестивалот ќе се одржи од 7-ми до 15-ти јуни 2019 г.

Претставата „Макбет“ од Вилијам Шекспир, а во режија на Нела Витошевиќ, пред прилепската публика ќе биде одиграна на фестивалското отворање (во официјалната натпреварувачка програма), на 7-ми јуни.

На затворањето на фестивалот, на 15-ти јуни 2019 г., a во чест на наградените, ќе се одигра претставата „Силјан Штркот шанца“, по текст на Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ.

На 27-ми јуни, на големата сцена во МНТ, претставата „Макбет“ ќе настапи и на 40. јубилејно издание на „Скопско лето“.

„Макбет“ на режисерот Нела Витошевиќ и на драмскиот ансамбл на Македонскиот народен театар е волуминозна и впечатлива претстава во која беспрекорно функционираат сите составни елементи, сценографијата, костимографијата, музиката и актерската игра - поентира театарскиот критичар Тодор Кузманов во својата рецензија на претставата.

Улогите во „Макбет“ ги играат: Макбет – Сашко Коцев, Леди Макбет – Драгана Лошкова, Кралот Данкан – Сенко Велинов, Малколм – Дениз Абдула, Банко – Стефан Вујисиќ, Макдаф – Благој Веселинов , Вештерка 1 – Наталија Теодосиева, Вештерка 2 – Ана Стојановска, Вештерка 3 – Ивана Павлаковиќ, Рос – Борче Начев, Ленокс – Славиша Кајевски, Ментет, Гардистот – Исмет Шабановиќ, Кетнес – Дарко Ристовски, Убиец 1 – Томислав Давидовски, Убиец 2 – Ненад Анѓелковиќ, Сиворд – Виктор Бужаров, Флинс, син на Банко – Филип Ивковски, Момче, син на Макдаф – Адриен Боирал.

Билетите за изведбата на 27-ми јуни се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку онлајн системот на www.mnt.mk

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk