Duh
МНТ со „Разговори во четири очи“ гостува во Бања Лука и Сараево

МНТ со претставата „Разговори во четири очи“ на режисерката Нина Николиќ, од авторот Ингмар Бергман, а во адаптација на Тамара Барачков, на 15 декември во 20:00 гостува во Народно позориште Република Српска, Бања Лука. Гостувањето потоа продолжува на 17 декември, на Фестивалот Денови на „Јурислав Корениќ“ во Камерен Театар 55, Сараево.

Претставата „Разговори во четири очи“ во изминатите две години имаше големи фестивалски успеси на Меѓународниот театарски фестивал АртОкраина (ArtОкраина) во Санкт Петербург, Русија, на Фестивалот ФЕМАРТ (FEMART) во Косово и Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ во Струмица. Меѓу последните гостувања се средноевропскиот театарски фестивал во Кошице, Р. Словачка, кој се одржи во првата половина од септември оваа година, а непосредно по ова гостување следуваше и меѓународниот театарски фестивал „Белаја Вежа“ во Белорусија и„Kosztolányi Dezső“, Р.Србија.
Фантастичната актерска екипа во состав: Амернис Нокшиќи – Јовановска, Нина Деан, Петре Арсовски, Благој Веселинов, Дарја Ризова, Катина Иванова и Дамјан Цветановски, македонската публика може да ја види на 18-ти јануари 2018 г. на малата сцена во МНТ со почеток во 20 часот.

Срдечно,

НУ Македонски народен театар

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?