„Не се клади на Енглези“ хуманитарно за Сара

Македонскиот народен театар и во ноември ќе има хуманитарна претстава за помош на Сара Настеска од Охрид

Македонскиот народен театар продолжува со учеството во хуманитарната акција за помош на 15-годишната Сара Настеска од Охрид, кај која е дијагностицирана Anemia aplastica, болест за чие лечење е неопходна трансплантација на коскената срж.

Македонскиот народен театар и екипата на претставата „Не се клади на Енглези“ во режија на Синиша Евтимов, а во која играат Сашко Коцев, Оливер Митковски и Александар Микиќ, одлучија средствата добиени од изведбата на 11 ноември 2018 година да бидат уплатени на сметката на Сара Настеска. Цената на билетот е 500 денари, а може да се купи и онлајн:https://mnt.mk/online/index.php?id=300&fbclid=IwAR1UM5f1cWvV3LIokI5puXAmYR8wWbIH04gV6mvhp9EIrqErKCJsYU7V1-w

Апелот за помош во јавноста го испрати семејството Настески, а нивниот 13-годишен син Виктор е единствен сроден донатор на коскена срцевина за Сара. Македонскиот народен театар сочувствува со загриженоста на семејството Настески и посакува успех на донаторската акција и на оперативниот зафат на младата Сара Настески.

Срдечно,

Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk