ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 73 ГОДИШНИНАТА НА МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР/АПРИЛ - МЕСЕЦ НА МНТ: „МОЌТА НА ТЕАТАРОТ“

Македонскиот народен театар по повод 73 годишнината од постоењето, на 03 април во 12 часот, во фоајето на театарот, ја отвори изложбата „Моќта на актерот“, која ќе трае до крајот на месец април.

Поставени се оригинални фотографии на повеќе од триесет актери кои работеле од првата сезона на МНТ, далечната 1945/46 година, сè до почетокот на овој век. На повеќе од 130 фотографии се гледа трајниот печат што го оставија низ историјата на МНТ оние актери кои ги имало во разни претстави, кои играат големи и помалку големи улоги и оние  без кои не може речиси ниту една претстава. Поставка на изложба ќе има и на крајот на месецот во Сити мол – Скопје, на која ќе бидат изложени костими и фотографии од претстави во продукција на МНТ.

Оваа поставка е дел од месецот на МНТ под мотото „Моќта на театарот“. Во рамките на активностите ќе следи и потпишување на меморандум за соработка со Дом за деца без родители „11 Октомври“ – Скопје. Соработката се состои во посета на театарот, организирање на  работилници и посета на претстави соодветни на нивната возраст, се со цел да им се приближи театарот.

Кон крајот на месец април е премиерната изведба на претставата „Дух“ од авторот Дејан Дуковски, а во режија на Срѓан Јаниќијевиќ. По премиерата на „Дух“ на 26 април следи премиера на претставата „Планинските џинови“ од Луиџи Пирандело, во режија на Паоло Маџели - регионален проект на „Креативна Европа“. Театарската публика ќе ја гледа македонската премиера по хрватската која се оддржа во Риека и беше изведена на  02 март 2018 г. Претставата се изведува на италијански, словенечки, албански, унгарски и германски јазик, а ќе биде обезбеден титл на македонски и албански јазик. Следните изведби се на 27 и 28 април со почеток во 20 часот. 

НУ МАКЕДОНСКИ НАРОДЕН ТЕАТАР

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk