Купи билет он-лајн
Премиера - „Госпоѓиците од Авињон“ 21.2 | мала сцена | 20:00
Почитувани,
 
На 21 февруари на малата сцена во МНТ, во 20 часот, премиерно ќе биде изведена  претставата „Госпоѓиците од Авињон“. Оваа праизведба е работена по драмскиот текст на Сашо Димоски, а во режија на Ненад Витанов.
 
Со праизведбата на овој текст, Македонскиот народен театар чествува еден голем јубилеј: сто и десет години откако Пикасовата „Госпоѓиците од Авињон“ за прв пат ја виде светлината на денот и беа поставени првите постулати на Кубизмот. 
 
Во претставата играат: Искра Ветерова, Софиа Насевска - Трифуновска, Звездана Ангеловска, Гордана Ендровска, Ана Стојановска и Васил Зафирчев.
 
Композитор на музиката е Калиопи Букле, сценографијата е на Филип Витанов, а костимограф е Тања Кокев.
 
Следната изведба е закажана за 22 февруари (четврток) во 20 часот, а билетите за премиерата и првата реприза се веќе пуштени во продажба на билетарницата на МНТ.
 
Срдечно,
НУ Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?