Светски ден на театарот 27 март 2019 г.

Почитувани,

Македонскиот народен театар ќе го даде својот придонес кон одбележувањето на 27 март – Светски ден на театарот – со изведбата на претставата „Животот е прекрасен“ од Николај Ердман во режија на Александар Морфов. Самиот режисер за претставата еднаш рече дека „не е претстава за самоубиството, не е пиеса за смртта, туку за еден човек кој повторно го открива животот, открива колку животот е прекрасен“. Дозволете си и вие преку театарската уметност да ја откриете убавината на животот.

Традиционално, пред почетокот на претставата ќе бидат прочитани меѓународната и македонската порака посветени на актуелниот театарски миг, а кои ги сподели Македонскиот центар на ИТИ. Автор на меѓународната порака за Светскиот ден на театарот - 27 март е Карлос Селдран – режисер, драмски писател, театарски едукатор и професор од Куба, додека автор на македонската порака за 2019 година е Југослав Петровски – драмски писател.

Билети > online > www.mnt.mk

Со почит,

Македонски народен театар

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk