Во МНТ, а во рамките на Скопско лето гостува театар „Гавела“ од Загреб со претставата „Крал Рикард III“
На 22 јуни (петок) во Македонски народен театар, а во рамките на Скопско лето гостува театарот Гавела од Загреб со претстава „Крал Рикард III“ од Вилијам Шекспир, во
 режија на Александар Поповски.

„Гавела“ ја крена летвичката неверојатно високо и нема да биде лесно да и се парира...Тоа е Шекспир кој говори за нас. Поповски околу Ричард реди многу женски улоги, кралици, сите редум осквернети во крвавата борба за тронот. Бојана Грегориќ Вејзовиќ како кралицата Маргарета оствари една од своите најдобри улоги, а во чекор ја следат: Дијана Видушин, Славица Кнежевиќ и Мартина Чвек. (Бојана Радовиќ, Верчерњи лист)

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ
За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304

*Цената на билетот е 600 ден.

https://www.youtube.com/watch?v=qgoZkg6S74E
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk