Купи билет он-лајн
Во МНТ гостува Београдско драмско позориште со претставата „Зојкиниот стан“
Почитувани,
На големата сцена во Македонскиот народен театар на 4 декември, со почеток во 20 часот, ќе гостува Београдско драмско позориште со претставата „Зојкиниот стан“, трагична фарса на Михаил Булгаков поставена во режија на Наташа Поплавска. Претставата носи возбудлив спој на класика на драмската книжевност на 20-иот век со кореографски и музички партитури, како и со визуелни атракции.
„Режисерката Наташа Поплавска необично прецизно (и сурово) го прочитала делото на еден од најголемите критичари на соцреализмот“, потенцира белградската театарска критика за претставата „Зојкиниот стан“.
Во поставувањето на „Зојкиниот стан“ на сцената на Београдско драмско позориште учествуваше повеќечлена македонска екипа предводена од режисерката Наташа Поплавска. Композитор на музиката е Огнен Анастасовски, сцената и мултимедијалниот дизајн се дело на Емил Петро, костимограф е Роза Трајчевска, додека дизајнер на светлото е Милчо Александров.
Во претставата настапува голем дел од ансамблот на Београдско драмско позориште предводен од актерката Ана Софреновиќ како Зоја Денисовна Пелц, а во другите улоги на сцената во МНТ ќе ги видиме Андрија Кузмановиќ, Милан Чучиловиќ, Јадранка Селец, Милица Петровиќ, Саво Радовиќ, Милорад Дамјановиќ, Сандра Бугарски, Милица Милша, Анѓела Поповиќ, Милош Лазаров, Нада Мацанковиќ, Јелена Ракочевиќ, Кристина Јовановиќ, Саша Ѓурашевиќ, Арсеније Тубиќ/Ѓорѓе Креќа, Александар Стоименовски и Љубомир Ќустиќ.
Претставата трае 1 час и 40 минути, а билети може да се купат на следниот линк:https://mnt.mk/online/index.php?id=361
 
Со почит,
Македонски народен театар
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?