Купи билет он-лајн
Да тргнеме Сењор
Оценете ја претставата

Да тргнеме Сењор

  • Автор: од Ана Ристоска
  • Режисер:

    Нела Витошевиќ

  • Информации:

    Сценограф: Костантин Трпеноски
    Костимограф: Розa Трајческа – Ристовска
    Избор на музика: Нела Витошевиќ
    Изработка на видео анимација: Сергеј Светозарев

  • Премиерна изведба: Понеделник, 22 Декември 2014
  • Времетраење: 100 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Голема

Претстава која ги отвора вечно неодговорените прашања за животот наспроти смртта. Пет испреплетени приказни, и седум лика, кои со многу емотивен, на моменти апсурдно-комичен тон преку нарација и внатрешни монолози, зборуваат за љубовта, среќата и тагата; за убавината на постоењето и минливоста на човечкиот живот.
„Таму каде што луѓето водат нормален живот, денот им се гледа долг, исполнет. Но тоа е лага. Одовде кога секој ден го гледаш само изгревањето и заоѓањето на сонцето, сфаќаш дека тоа е само миг. Дури да трепнеш со очите. Ден, ноќ “.

Пред десет години, некаде во почеток од моите студии на драматургија, режисерот Владе Цветановски ми рече дека сака да го работи „Дон Кихот“ со татко ми и дека би сакал да ме вклучи и мене, да направам драматизација. Тогаш, не се чувствував дека можам да го направам тоа, на дваесет години мислев дека ми е рано да работам со нив. Поминаа седум години додека тие  го реализираа својот проект, без мене. На денот на нивната премиера на „Дон Кихот“ јас бев во Виена, не знаев дека ќе биде нивна последна.

Чувството дека нешто им должам уште од пред десет години не исчезна. „Дон Кихот“ е и моја тема мислев отсекогаш, го сакам како што го сака секој што се занимава со нашава професија, со животот.

По заминувањето на татко ми ми беше побаран текст за монографијата, не можев да го напишам… Сѐ уште често ме измачува тој последен ден и сите недоискажани работи… Па го замислувам доцна во ноќта, Санчо Панса како мал дебел човек кој незабележан од никого го спушта ридот. Зад него на коњ седи една преубава дама. Брзаат пред да ги затекне сонцето и да го објави новиот ден. Каде одат? Кај својот сењор.

-Да тргнеме сењор! – го вика Санчо, татко ми.

Посветено на Кирил Ристоски,
Ана Ристоска

Фото галерија

View the embedded image gallery online at:
http://mnt.mk/mk/pretstavi/da-trgneme-senjor#sigProIdf836805b55
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?