Купи билет он-лајн
Изгубени германци
Оценете ја претставата

Изгубени германци

  • Автор: од Дејан Дуковски
  • Режисер:

    Слободан Унковски

  • Информации:

    Сценограф: Виктор Михајлов
    Костимограф: Бојана Никитовиќ
    Кореограф: Кренаре-Кери Невзати

  • Премиерна изведба: Среда, 06 Февруари 2013
  • Времетраење: 155 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема

 

Вистинската приказна

Овој текст е базиран на вистинска приказна. По Втората светска војна, во Југославија, од високи инстанции од Белград, во Македонија доаѓа строго доверлива команда до инстанциите: да се испратат луѓе и голема механизација во напуштен стар рудник, на тромеѓата помеѓу Југославија, Грција и Бугарија. Наредбава е малку чудна бидејќи целото локално население знае дека рудникот го напуштиле некои Французи, уште во 18 век. Копај, копај – ништо. Прашањето е зошто ваква чудна наредба? Одговорот е во архивите на берлинскиот Рајхстаг. Разузнавачките служби на сојузниците, по паѓањето на Третиот Рајх, успеваат да најдат крајно педантно архивирана документација која докажува дека рудникот работел за време на војната. И дека остварувал големи приходи. Кој да се сомнева во германската прецизност!

Што се случило?

Некој од важните и влијателни индустријалци и офицери блиски до Хитлер, за да ги тргнат своите деца од виорот на војната, измислуваат рудник во којшто нивните синови не копаат ништо, а тие го плаќаат, во Берлин, тоа што не е ископано.
Оваа драма му ја посветувам на мојот дедо Ристо Дуковски

ИЗГУБЕНИ ГЕРМАНЦИ ИЛИ, ЛОВ НА ПЕПЕРУШКИ

Дејан Дуковски

 

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?