МНТ FM - Слушајте театар
Вечна куќа

ПРВА СЦЕНА Изгрејсонце над Ерусалим. Блескаат вечните градби на Ѕидот на плачот, Црквата на раѓањето и Воскресението, и џамијата Ал Акса. Рабинот Ицак Коен седи на камениот стол и чита со прстите пораки од различни страни на светот. Пред него како во молитва и задржан тивок плач е застаната Стела Бенвениста, со поглед упатен во неговото лице.

РАБИНОТ: Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.

СТЕЛА БЕНВЕНИСТА: Рабине мој, чекам не од вчера, не од завчера, не од утре, не од задутре, не од лани, не од оломнани, од многу одамна чекам, чекам цели 62 години. Ден по ден. Ноќ по ноќ, и еве оваа ноќ што траеше повеќе од вечност решив на изгрејсонце да дојдам и да те видам, кажи ми рабине мој, кога, кога и кога?

РАБИНОТ: Најдрага пријателке Стела Бенвениста, само ти од Јудејците сите, од морето средоземно цело можеш на изгрејсонце во тајните на мојата темница да влезеш, Вистина ти велам, наречено е, од Ерусалим во Македонија ќе појдеш.

СТЕЛА БЕНВЕНИСТА: (Се свртува кон сликата на Ерусалим, паѓа на коленици пред него) Господе, рабине мој, облеј ме со твојата мудрост, по патот на сонцето еднаш и за секогаш кон Македонија да тргнам.

РАБИНОТ: Со сиот мрак во моиве од невидлива светлина изгорени очи јасно гледам, објавено е на зрак прероден во лебед низ бели облаци виножита што сечат – од Ерусалим во Македонија ќе појдеш! (…)

Актерска екипа


Искра Ветерова – Стела Бенвениста
Драгана Костадиновска – Естреа Бенвениста
Дарја Ризова – Естел Бенвениста
Оливер Митковски – Ментеш Бенвениста
Петре Темелковски – Рабинот Ицак Коин
Тони Михајловски – Ефрем Поплавски
Весна Петрушевска – Деспина Поплавска
Јордан Симонов – Соломон Брант
Ѓорѓи Јолевски – Абдураман Баба Ѓул
Тина Трпкоска – Жана Балавуан
Арна Шијак – Хинг Гиу Миу
Гораст Цветковски – Алексеј Ангел
Владимир Јачев – Варда Склир
Александар Ѓорѓиески  – Теодосиј Трети
Никола Ацески – Ахмад Ал Масри
Ивица Димитријевиќ (*Алтернација: Ненад Анѓелковиќ) – Гоце Делчев
Владо Јовановски – Крсте Мисирков
Висар Вишка – Џон Балтимор
Нино Леви – Вилијам Гарланд
Александар Микиќ – Димитрија Чуповски
Звездана Ангеловска – Малина Поп-Иванова
Сашко Коцев – Кочо Рацин
Софиа Насевска Трифуновска – Кате
Дејан Лилиќ – Орце Попјорданов
Славиша Кајевски – Готфрид Најцзекер
Борче Начев – Бохумил Зелински
Катина Иванова – Уранија
Емил Рубен – Крсте Поплавски
Васил Шишков – Ристо Шишков

ХОР

Магдалена Ризова – Черних, Марија Новак, Снежана Коневска – Руси, Александар Џуровски, Јасмина Поповска, Даница Георгиевска, Александар Шехтански, Стојна Костовска, Томе Витанов, Трајче Ѓоргиев, Теоман Максут, Драгана Левенска, Анкица Бенинова, Александра Стојкова, Александра Михајловска, Александар Михајловски, Стефан Вујисиќ, Тони Денковски, Ненад Анѓелковиќ, Владимир Петровиќ, Владанка Димковска, Ангела Димитрова, Марија Димитрова, Надица Петрова, Марија Петреска, Аница Бебиќ, Анастазија Христовска, Никола Стефанов, Филип Трајаноски, Милош Стојковиќ, Антонио Китановски, Марко Илиќ, Александар Иваноски, Денис Давидковски

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?