МНТ FM - Слушајте театар
Вујко Вања
Оценете ја претставата

Вујко Вања

  • Автор: од Антон Павлович Чехов
  • Режисер:

    Зоја Бузалковска

  • Информации:

    Кореограф и сценски движења: Александар Ацев
    Сценографи: Тодор Дајевски и Зоја Бузалковска
    Костимограф: Марија Пупучевска
    Дизајнер на светло: Владислав Фролов
    Асистент на режисерот: Драгана Стојчевска
    Избор на музиката: Зоја Бузалковска

  • Премиерна изведба: Недела, 15 Март 2015
  • Времетраење: 180 минути
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема
  • Следни изведби:
    No events

Сакајќи да ја скротам оваа толку денешна и толку наша драма на Антон Павлович и да ја донесам во директна релација со стварноста во која живееме, ја доближувам до она што му е заедничко на Чехов тогаш и на Чехов денес – провинцијата за која пишува тој во своето време (негова постојана преокупација) и провинциите на денешницата, една од кои е токму онаа во која живееме ние. Стеснетиот, мал простор на живот, го создава привидот на самодоволност и самозалажувањето дека го живееме животот квалитетно и во полна снага, за да ни дојдат од време на време разни Серебрјакови, забревтани од своите осмислени и брзи животи и да ни ја покажат оваа наша „паланка“ во сета нејзина забавеност и зачмаеност, во сета нејзина баналност и малограѓанштина, која ја потенцира бесмислата на нашите взалудно потрошени животи и силно го разгорува нашето чувство дека сме станале провинцијалци на светот и дека нашите души се одамна умрени. Провинцијата како амбиент за живот ја раѓа провинцијалноста во душата.

Така, кога го отворам тој свет на тивка тага, меланхолично смешна, на едни луѓе кои западнале во стапицата на својата немоќ да преземат нешто и да го променат својот живот, какви што се ликовите од „Вујко Вања“, како да зборувам за нас овде и денес. Тоа време на замена на едни вредносни системи со други, во кое животот минува во исчекување на подоброто кое никако да дојде, без да се забележи дека во меѓувреме сè наоколу станало полошо и без да се направи макар и најслаб обид тоа евентуално да се промени, е всушност толку наше и познато. Да го поминеш животот во затишје, во вакуум. Насекаде луѓе кои пекаат по нешто што можеле да го имаат, а никогаш не го оствариле, кои се незадоволни од себеси и од другите, кои мечтаат по некои други места и подобри шанси, кои никогаш нема да ги видат и искористат, зашто немаат капацитет било што да променат.

Ова е свет на – можев да бидам… – можев да направам… А не на – сум, ќе бидам… – направив, правам или ќе направам.

Болката кулминира тогаш кога овој свет без боја, со сета своја апатичност, со сета своја слабост и немоќ, ќе се судри, макар и накратко, со светот во кој животот има сосема поинаква смисла. Кога ќе се разбудат одамна умртвените емоции, потенцијалот да се чувствува, да се сака, кога ќе се разгори надежта во нов почеток, кога ќе се појават илузии дека взалудноста може да се победи само во еден миг, дека времето може да се врати назад и животот да се проживее на сосема поинаков начин.

Зоја Бузалковска

Актерска екипа

Владо Јовановски – ВОЈНИЦКИ, Иван Петрович
Никола Ристановски – АСТРОВ, Михаил Љвович
Сашка К. Димитровска – ЈЕЛЕНА АНДРЕЕВНА
Дарја Ризова – СОФИЈА АЛЕКСАНДРОВНА (СОЊА)
Благој Чоревски – СЕРЕБРЈАКОВ, Александар Владимирович
Катина Иванова – ВОЈНИЦКА, Марија Васиљевна
Љупка Џундева – МАРИНА
Нино Леви – ТЕЛЕГИН, Иља Иљич

Фото галерија

View the embedded image gallery online at:
http://mnt.mk/mk/pretstavi/vujko-vanja#sigProId8bc40620a9

Коментари

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?