Duh
Животот на Молиер
Оценете ја претставата

Животот на Молиер

  • Автор: од Михаил Булгаков
  • Режисер:

    Александар Поповски

  • Информации:

    Костимограф: Снежана Пешиќ – Раиќ
    Сценограф: Свен Јонке
    Извршен продуцент: Виктор Рубен
    Избор на музика: Александар Поповски
    Асистент на режисерот: Лука Кортина

  • Премиерна изведба: Четврток, 19 Април 2012
  • Времетраење: 120 минути
  • Пауза: Не
  • Сцена: Голема
  • Следни изведби:

„Зошто токму Молиер? Тешко е да се одговори на ова прашање. Јас го читам Молиер повторно и повторно, го сакам уште од детството. Молиер имаше големо влијание врз моето формирање како писател. Чинам дека секогаш ме привлекувала неговата комплексна личност: учител на цели генерации драматичари, голем актер, ненадминат комичар, режисер… Напоредно, во личниот живот, тој е несреќник, меланхолик, сосема трагичен човек…“

Михаил Булгаков

Животот на Жан Баптист Поклен де Молиер во изведба на театарската трупа на МНТ под водство на Михаил Булгаков, спомнатиот де Молиер и Александар Поповски

Ние не сме луѓе…ние сме привид…Ние сме онаа материја од која соништата се создадени…Кога ќе не ранат, ние не крвариме. Кога ќе не убијат, ние не умираме…

Што е душата на глумецот? Промаја, ладен воздух кој се крие во позајмениот костум. Ние не сме сигурни дека постоиме. За да поверувам во тоа треба, да ми аплаудираат. Ми аплаудираат, значи постојам. Вистинскиот живот бара тежина, постојаност, додека сцената од нас бара да бидеме лесни…прозрачни.

Ние вам ви го оставаме животот, вие нам оставете ни ја сцената.

Глумецот има само една љубовница…сцената…онаму каде што сакаме да живееме и на која сонуваме дека ќе умреме, како Молиер…за да биде и нашата последна геста голем спектакл…

Фото галерија

View the embedded image gallery online at:
http://mnt.mk/mk/pretstavi/zhivotot-na-molier#sigProIdbd2d508860
МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?