Репертоар

Свечено затворање на Танц Фест 2018 „Тишина, на турнеја сме!“ Компанија Покемон, Франција

Понеделник, 23 Април 2018 | 20:00
mnt_blanko_plakat_za_sleduva.jpg„ТИШИНА! НА ТУРНЕЈА СМЕ!!!“
„Cie Pockemon Crew“, Лион, Франција
Уметнички директор: Ријад Фгани
Уметнички асистент: Абделхафид Сор
Светло и сцена: Арно Карле
Музичка креација: Алексис Рур 
Костими: Надин Чабанијер
Продукција: Асоцијација Qui fait ça? Kiffer ça!
Танчери: Хјацинте Валери, Хсисои Кевин, Микаел Инг, Фгани Дунуел, Мезаине Мехди, Бен џелоул,Мехди, Бафинал Гаел
Копродукција – : Cie Pockemon Crew, Théâtre de Suresnes Jean Vilar With support of Rhône-Alpes region, National Opera of Lyon, Bron’s choreographic center/ Pôle Pik, Maison des Essarts, House of Youth and Culture Laennec Mermoz, National Choreographic Center of Rillieux-la-Pape and Lyon’s House of Dance.
Во оваа претстава компанијата работи на експресија преку танцот, на две интересни работи за нив – Киното и потеклото на одредени хип хоп движења. Преку истражувања на начинот на кој функционирало Киното во 30-тите години на 20 век и неговата уметничка експресија, тие прават синергија на одредени хип хоп движења и музикалните комедии на тоа време. Компанијата потекнува од градот Лијон, каде во 19 век браќата Лумие го измислуваат Киното. Црно-белиот филм е подлога за коларативен танц, низ музички ритмови кои варираат, како трибут на Киното и модерното време и потрага по нови димензии.
Компанијата „ Cie Pockemon Crew“ е основана во 1997 година. Уметничкиот директор Ријад Фгани е член на компанијта од нејзиното основање, а уметничкото водство го презема во 2004 година. Во 2007 година компанијата го освојува првото место ма КБ шампионатот во Кореа. Фгани, како уметнички директор развива посебен стил, синергија на танц од различни стилови и артисити, како современи танчери, балерини, циркуски изведувачи, мимичари и актери. Тој прифаќа во 2005 година нови генерации на ‘брејк данс’ иведувачи, со кои развива сопствен метод на работа. Во 2003 година, компанијта започнува соработка и со Националната опера на Лион, која трае до денес. Идентитетот на Покемон компанијата е огромната желба да го споделат искуството, експертизата и вредностите кои се поврзани со хип хопот. Секој танчер има свое место, базирано на неговата експресија, динамика, изворот на инспирација. Компанијата е во константна потрага по сопствен израз, а комбинацијата на нивната техника и естетика ги прави икони на танцовата сцена и новите генерации.
  • Локација
    Голема сцена
  • Времетраење
    60 минути
  • Изведбата е
    без пауза
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk