Купи билет он-лајн

Александар Ѓорѓиески

Александар Ѓорѓиески е роден на 07 ноември 1987 г. во Скопје. Дипломира на Факултетот за аудиовизуелни уметности-ЕСРА, отсек актерска игра во класата на проф. Ѓорѓи Јолевски во 2010 г. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

 

  • Селективна театрографија
    • Актер во пензија (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра;
    • Чело, офицерот на босанскиот камп и камерман (Ничија земја, 2017), автори: Данис Тановиќ и Александар Морфов, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Алек (Копање, 2017), автор: Кристијан Винклер, режисер: Франц Фон Штролхен, продукција: Македонски народен театар;
    • Еснафот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Алексеј Стаканов (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Снаут (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб, Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Вториот маж (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
    • Леви Матеј (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Орест (Електра, 2014), автор и режисер: Андри Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Јоко (Да тргнеме Сењор, 2014), автор: Ана Ристоска, режисер: Нела Витошевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Нероденото дете - Среќата (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Розенкранц, Гилдернстерн, дворјанин (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Теодосиј Велики (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Морис (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Главна улога (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Театар Квартет и Македонски народен театар;
    • Марсел (Хамлет, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Средниот (Отворено море), автор: Славомир Мрожек, режисер: Андреј Цветановски, Ирена Стеријоска.
  • Селективна филмографија
    • (Dogs of war, 2018, краткометражен филм), автори и режисери: Пеце Здравковски и Бојан Соклевски;
    • Алек (Копање, 2018), автор: Кристијан Винклер, режисер: Ивица Димитријевиќ;
    • Алек (Перфекционист, 2017, краткометражен филм), автори: Оливера и Александар Андоноски, режисер: Александар Андоноски;
    • Прогонувач (The Case, 2016), режисер: Ивица Димитријевиќ;
    • Црна (Помеѓу, 2013), режисер: Владимир Митревски;
    • Келнерот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски.
  • Награди
    • Награда „Трајко Чоревски“ за млад актер на 50. издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 2015 г., за улогата на Орест во претставата „Електра“, а во режија на Андриј Жолдак.
  • Дополнителни информации

    ТВ - серии:

    • Мишо Развигоров (Тврдокорни, 2014), режисер: Миле Гроздановски;
    • (Народни приказни, 2010).

    Дипломски изведби:

    • (Помеѓу), краткометражен филм во режија на Владимир Митревски - Ѓуле;
    • (On our way home), краткометражен филм во режија на Дина Дума;
    • Моцарт (Aмадеус), автор: Питер Шефнер, режисер Андреј Цветановски;
    • Иван (Арт), автор: Јасмина Реза, режисер: Ирена Стеријоска.

    Студентски изведби по актерска игра:

    • Иван Василевич-Ломов, Лука (прва изведба ), Лука ( втора изведба);
    • (Понуда за брак), (Мечка), автор: Антон Павлович Чехов;
    • Драмскиот писател (Сината соба), автор: Дејвид Хер;
    • Естрагон, Клоу, Протагонист (Плеј Бекет), автор: Семјуел Бекет (фрагментална изведба);
    • Јаго (Отело), автор: Вилијам Шекспир (фрагментална изведба);

    Испити по театарска режија (фрагментални изведби):

    • Жан (Госпогица Јулија), автор: Август Стринберг, режисер: Билјана Колевска;
    • Шамраев (Галеб), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Кузман Клековски;
    • Макбет (Макбет), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Ана Алексовска;
    • Хамлет (Хамлет), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Хана Миленковска;
    • Бенедикт, (Многу врева за ништо) , автор: Вилијам Шекспир, режисер: Тони Зенговски;
    • Филинт (Мизантроп), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ирена Стеријоска;
    • Хирон Луциј (Тит Андроник), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Кузман Клековски;
    • Оргон (Вообразен болен), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Кузман Клековски.

    Останато:

    • Стекнал способности во: цртање, вајање глина, свирење клавир, гитара и усна хармоника, практикува и капуера (бразилска боречка вештина со специфичен танц и музика).
  • Име Александар
  • Презиме Ѓорѓиески
  • Година на раѓање 1987
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?