Купи билет он-лајн

Арна Шијак

Арна Шијак е родена на 30 април 1976 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје на отсекот актерска игра во 1999 г. Од 2010 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
    • Актерката (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра“;
    • Тања (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот-Словенија;
    • Актерката (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска - Попова, продукција: Македонски народен театар;
    • Мајката (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • (Викај ги среќа, 2016), режисер: Златко Славенски;
    • Клеопатра Максимовна (Животот е перкрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Велма Кели (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Телохранител на Клитемнестра, Негувателка на Електра и Орест (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Самовилата Берилин, Сосетката Берленго (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Шарлота Корде (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Хинг Гиу Миу (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Албин, витез Де Ла Тремуј (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла  Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Лисицата (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, копродукција: Македонски народен театар  и Театар за деца и младинци - Скопје;
    • Глас (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Македонски народен театар со Театар „Квартет“;
    • (Копнеж по целина, 2011), автор: Матеја Матевски, режисер: Ристо Алексовски, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија Тимофеевна Лебедјаткина (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Д-р Бренон, Келнерката (Темпирана опера, 2010), според „Опера за три гроша“ и „Пеколен портокал“, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Елена (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Вендела Бергман (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинг, адаптација: Огнен Георгиевски и Златко Славенски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Ќерката (Песочна сложувалка, 1999), автор: Јана Добрева, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
    • Лулу (Шопинг енд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Европа (Среќата е нова идеја во Европа, 1997), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Ања (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
    • Еуфорион (Фауст, 1997), автори: Јохан Волвганг вон Гете и Хајнер Милер, режисер: Ѓорѓи Јолевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Луси (Опера за три гроша, 1996), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
  • Селективна филмографија
    • Нада (Состојба на шок, 2010), режисер: Андреј Коша;
    • Девојката со сребрена коса (Тајната книга, 2006), режисер: Владо Цветановски;
    • (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
    • (Како лош сон, 2003), режисер: Антонио Митриќески;
    • Цветанка (Ноќ спроти Св. Василиј, 2001), режисер: Иван Митевски;
    • Ремза (Џипски меџик, 1997), режисер: Столе Попов.
  • Награди
    • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1997 г., за улогата на Европа во претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.
  • Дополнителни информации

    ТВ-серии:

    • Болната чеченска жена (12 мајмуни, 2015);

     

    Проекти:

    • Вокалист во Дарк-кабаре бендот „Еуропиа циркус“;
    • Глас во анимираниот сатиричен филм „Еднооки“.
  • Име Арна
  • Презиме Шијак
  • Година на раѓање 1976
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?