Купи билет он-лајн

Билјана Јовановска

Билјана Јовановска е родена на 15 април 1986 г. во Скопје. Дипломира на Европски Универзитет, Економски факултет, Скопје, во 2008 г., а потоа и во 2011 г., на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факулетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот актерска игра, во класата на проф. м-р Елјеса Касо. Од 2014 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
     
    • Ели (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот - Словенија;
    • Актерка (Говорна мана, 2017), автор: Горан Марковиќ, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: Македонски народен театар;
    • Цвета (Прекината Одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацек Гломб, копродукција: Македонски народен театар и Театар „Хелена Моджејевска“, Полска;
    • Загирова, девојка од публика, гостинка на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Катлин Ханијак (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Флорина (Кој пукаше на 21-ви?, 2014), автор: Керил Черчил, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар;
    • Брзозборлеста жена, пештера, чудовиште (Капетанот Џон Пиплфокс, 2014), автор: Душан Радовиќ, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Филокомазиум (Војникот фалбаџија, 2014), автор: Плаут, режисер: Лука Кортина, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Штефани (Камен, 2013), автор: Мариус вон Мајенберг, режисер: Билге Емин, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Елијанта (Мизантроп, 2013), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Драгана Милошевска-Попова, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Дездемона (Шекспир во приказни, 2013), автор: Викторија Рангелова, режисер и кореограф: Кренаре Невзати, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Мери Тајрон (Долго патување во ноќта, дипломска претстава, 2011), автор: Јуџин О’Нил, режисер: Елјеса Каcо, НУ Турски Театар и Факултет за драмски уметности - Скопје;
    • Франциска Дехке (Арапска ноќ, 2010), автор: Роланд Шимелфенинг, режисер: Слободан Унковски, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Руја (И јас сум Орхан Памук, 2010), режисер: Владо Цветановски, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • (No norms no rules, 2010), режисер: Нина Николиќ, кореографи: Билјана Јовановска, Симона Спировска, Нина Деан и Александра Кочовска, продукција: T-house, алтернативен театар;
    • Јаврија (Жени на власт, 2009), автор: Аристофан, режисер: Јуџел Ертен, продукција: НУ Турски театар-Скопје;
    • Неима, Ева (Црн Молив, 2009), автори: Јордан Плевнеш и Илхами Емин, режисер: Владо Цветановски, продукција: НУ Турски театар-Скопје.
  • Селективна филмографија
    • Ружа (Потрага по загубеното богатство 2, 2017), режисер: Кузман Кузмановски, продукција: Титири Минтири;
    • Ружа (Потрага по загубеното богатство, 2015), режисер: Кузман Кузмановски, продукција: Титири Минтири;
    • Јана (До Балчак, 2012), автор: Горан Стефановски, режисер: Столе Попов, продукција: Триангл филм и Сектор филм;
    • Анамка (Балканот не е мртов, 2011), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Кино Око;
  • Дополнителни информации

    ТВ серии:

    • (Македонски народни приказни, 3 епизоди - 2016/2017), продукција: Македонска радио телевизија;
    • Фиданка (Последно лето на Балканот, 2012), режисер: Доан Умит Караџа, продукција: AДАМ Филм, Турција;
    • Марика (Збогум Румелија, 2009), режисери: Сердар Акар, Таркан Каралда и Доан Умит Караџа, продукција: AДАМ Филм, Турција и Сектор Филм, Македонија;

     Останато:

    • Има искуство со посебни вештини: Акробатика и жонглирање, гимнастика, скијање, карате и свири на пиано. 
  • Име Билјана
  • Презиме Јовановска
  • Година на раѓање 1986
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?