Купи билет он-лајн

Дарја Ризова

Дарја Ризова е родена на 13 февруари 1987  г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факулет за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра во класата на проф. Кирил Ристоски и доц. Зоја Бузалковска, во 2010 г. Од 2013 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

  • Селективна театрографија
    • Нина Михајловна Заечна (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Вера Александровна (Еден месец на село, 2018), автор: Иван Сергеевич Тургењев, режисер: Паоло Маџели, продукција: Македонски народен театар;
    • Принцеза Џазмин (Авантурите на Аладин, 2017), адаптација, драматизација и режија: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
    • Маријана (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режија: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
    • Реја (Соларис, 2016), автор: Станислав Лем, драматизиција и режија: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Младата Ана Бергман (Разговори во четири очи, 2015), автор: Ингмар Бергман, адаптација: Тамара Барачков, режисер: Нина Николиќ, копродукција: Македонски народен театар и Скопје филм студио;
    • Електра (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Соња (Вујко Вања, 2014), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Зоја Бузалковска, продукција: Македонски народен театар;
    • Тилтил (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Македонка Филиповна (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Естел Бенвениста (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Шила (Секс, лаги и диви гуски, 2012), автор: Вуди Ален, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар;
    • Јулија (Госпоѓица Јулија, 2012), автор: Аугуст Стринберг, режисер: Саулиус Варнарс, продукција: Македонски народен театар;
    • (Троил и Кресида, 2012), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Меглена (Дедо Мраз на Марс, 2011), режисер: Снежана Коневски - Руси, продукција: Македонски народен театар;
    • Сузана (Свадбата на Фигаро, 2011), автор: Пјер Бомарше, режисер: Леван Цуладзе, продукција: Македонски народен театар;
    • Даша Шатова (Бесови, 2011), автор: Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
    • Ања (Вишновата градина, 2010), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Трајче Георгиев, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
    • Клара (Спиноза, 2010), автор: Гоце Смилевски, режисер: Зоја Бузалковска, копродукција: Мал драмски театар од Битола и Драмски театар - Скопје;
    • Сандра Крос и Мајката на Чарлс (Гнев, 2010), автор: Стивен Кинг, режисер: Зоја Бузалковска (дипломска претстава);
    • Меј (Луди за љубов, 2010), автор: Сем Шепард, режисер: Нина Николиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • Учителка по англиски јазик (Госпоѓа министерка, 2010), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
    • Јула (Таму каде што не сум бил, 2009), автор: Жанина Мирчевска, режисер: Зоја Бузалковска, Народен театар „Војдан Чернодрински“ - Прилеп;
    • Ема (Неверство, 2009), автор: Харолд Пинтер, режисер: Нина Николиќ, продукција: Културен центар ЦК-Скопје;
    • Лора Вингфилд (Стаклена менажерија, 2008), автор: Тенеси Вилијамс, режисер: Нина Николиќ;
    • Метаморфози, според Овидиј, режисер: Александар Поповски, Линц, Австрија;
    • Костур (Класен непријател), автор: Најџел Вилијамс, режисер: Васил Христов, продукција: Вондерленд театар.
  • Селективна филмографија
    • (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски;

    • (1955), режисер: Фисник Зекири.

  • Награди
    • Награда за најдобар млад актер „Рејџан Демирџиќ“ на Интернационалниот фестивал МЕСС, Сараево, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2017 г.
    • Награда за најдобра актерка, на фестивалот на античка драма „Стоби“, за улогата Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
    • Награда за најдобра женска улога, на Фестивалот ФИАТ-Подгорица, за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
    • Награда за главна женска улога, на МТФ „Војдан Чернодрински“ за улогата на Електра во претставата „Електра“, 2015 г.;
    • Награда за најдобра актерка на годината на „Златна Бубамара“ на популарноста,  2014 г.;
    • Награда за најдобар млад актер, на МТФ „Војдан Чернодрински“ 2014 г., за улогата на Естел Бенвениста, во претставата „Вечната куќа“;
    • Награда за најдобра женска улога ADRIANA AWARD на Интернационалниот фестивал SKENA UP- Приштина, за улогата на Лора Вингфилд, во претставата „Стаклена менажерија“, 2008 г.




  • Име Дарја
  • Презиме Ризова
  • Година на раѓање 1987
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?