Купи билет он-лајн

Драган Спасов

Драган Спасов е роден 20 април 1963 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на одсекот за актерска игра во класата на проф. Слободан Унковски, во 1991 г. Од 1992 г. работи како актер во Драмски театар - Скопје, а во 2016 г. преминува во Македонски народен театар - Скопје.



  • Селективна театрографија
    • Тартиф (Тартиф, 2016), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Галин Стоев, продукција: Македонски народен театар;
    • Докторот (Љубовници, 2015), автор и режисер: Катерина Коцевска;
    • Стево (Живот во тесни чевли, 2014), автор: Душан Ковачевиќ, режисер: Ненад Витанов, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Крале Марков (Лет над кукавичкото гнездо, 2013), автор: Блаже Миневски, режисер: Андреј Цветановски, продукција: Театар „Комедија“ - Скопје;
    • Итар Пејо (Огнени јазици, 2013), автор: Горан Стефановски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Игнат (Генетика на кучињата, 2012), автор: Венко Андоновски, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Џанго (Грев или шрпицер, 2011), автор: Сашко Насев, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонскиот народен театар;
    • Кандид (Кинегонда во Карлаленд, 2009), автор: Венко Андоновски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Киро (Монопретстава Облачна исповед, 2008), автор: Томислав Османли, режисер: Деан Дамјановски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Ѓуро (Комшилук наопаку, 2007), автор: Нина Митровиќ, режисер: Ненни Делместре, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Mr. White (Касапски кучиња, 2007), автор: Квентин Тарантино, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Судијата Тасе (Демонот од Дебар маало, 2006), автор: Горан Стефановски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Ангеле (Лет во место, 2005), автор: Горан Стефановски, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Дони (Поручникот од Инишимор, 2005), автор: Мартин мек Донах, режисер: Зоја Бузалкова, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Љубац (Купидона, 2005), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Брик (Мачка на вжештен лимен кров, 2003), автор: Тенеси Вилијамс, режисер: Красимир Спасов, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Првиот (Кутрите мали хрчки, 2002), автор: Горан Михиќ, режисер: Иво Лауренчиќ, театар Хистриони;
    • Македон змеј (Маседоан Одисеја 2001, 2001), режисер: Иван Поповски, Народен театар – Битола и Охридско лето;
    • Симон (Диво месо, 2000), автор: Горан Стефановски, режисер: Александар Поповски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Ферхад (Ферхад и Ширин, 2000), автор: Хикмет Назим, режисер: Ертан Јуџел, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Кандид (Кандид во земјата на чудата, 2000), автор: Венко Андоновски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Платонов (Платонов, 1999), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • (Женидба, 1999), режисер: Димитар Станковски, продукција: Народен театар – Куманово;
    • Фигаро (Свадбата на Фигаро, 1998), автор: Пјер Домаше, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Амадеус (Амадеус, 1996), автор: Питер Шефер, режисер: Златко Славенски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Тимчо (Ни ќар ни зијан, 1996) автор: Братислав Димитров, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Бруно (Умри машки, 1996), автор: Николај Алдо, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Хлестаков (Ревизор, 1995), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Розенкранц (Розенкранц и Гилденстерн се мртви, 1994), автор: Том Стопард, режисер: Златко Славенски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Фиљан Кишија (Харем, 1994), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Мирко (Маратонците го трчаат почесниот круг, 1994), автор: Душан Ковачевиќ, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Зганарел (Дон Жуан, 1994), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ненад Стојановски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Кловн (Кловнови, 1993), автор: Хелен Пермелин, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Кларин (Животот е сон, 1993), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Слобоан Унковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Тома Диафарус (Вообразен болен, 1993), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Љубиша Герогиевски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Фердинанд (Бура, 1992), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Повеќе улоги (Чернодрински се враќа дома, 1992), автор: Горан Стефановски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Џанго (Грев или шприцер, 1992), автор: Сашко Насев, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Ѓоре Пиже (Не сега драга, најдобро е попладне, 1991), автор: Реј Куни, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Војводата Кучин од Бучин (Кралот Кускуле први, 1991), автор: Васил Пујовски, режија: Душан Наумовски, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
    • Еснафот, Аџи Клајк, Велчо (Силјан штркот шанца, 1991), автор: Дејан Дуковски, режисер: Драгослав Тодоровиќ, продукција: Театар за деца и младинци – Скопје;
    • (Подземна република, 1991), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Народен театар – Битола;
    • Иван инсиланти (Безбог, 1991), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар – Битола;
    • Пинус (Ништо без Тримфолио, 1990), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар – Куманово;
    • Повеќе улоги (Ало Будење, 1990), автор: Зафир Хаџиманов, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар – Скопје;
    • Дете голомеше (Рекламна бајка, 1989), автор: Русомир Богдановски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Македонски народен театар;
    • Нилколај Глуховцев (Денови на нашиот живот, 1989), автор: Леонид Андреев, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Четвртиот граѓанин (Смртта на Дантон, 1987), автор: Георг Бихнер, режисер: Петар Вечек, продукција: Драмски театар – Скопје.
  • Селективна филмографија
    • Шише (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
    • (Хихирику – 25 години,ТВ-филм, 2004);
    • Тино (Време за плачење, ТВ-филм. 2003), продукција: Македонска радио телевизија;
    • (Североисточно од југозапад, ТВ-филм, 2000), продукција: Македонска радио телевизија;
    • (Хихирику – 20 години, ТВ-филм, 1999);
    • Тони Џанго (Грев или шприцер, ТВ-филм, 1993);
    • (Крик на немиот индијанец, 1993);
    • (Чернодрински се враќа дома, 1992), режисери: Ацо Алексов и Слободан Унковски;
    • (Време, живот, 1992);
    • Данчо (За трошка среќа, ТВ-филм, 1987), продукција: Македонска радио телевизија;
    • (Ѕвездите на ’42, ТВ-филм, 1987).
  • Награди
    • Награда за животно дело „Петре Прличко“, на општина Велес, Здружение на актери „Џинот“ и Народен театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес, 2013 г.;
    • Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Симон во представата „Диво месо“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 2001 г.;
    • Награда за епизодна улога „Димче Трајковски“ за улогата на Тимчо во представата „Ни ќар ни зијан“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1996 г.;
    • Награда „Златна маска“ на фестивалот „Охридско лето“ за улогата на Амадеус во представата „Амадеус“ која ја доделува весникот „Вечер“, 1996 г.;
    • Нагарадата „13 Ноември“ што ја доделува Собранието на град Скопје за улогите Розенкранц во представата „Розенкранц и Гилдерстерн се мртви“ и Амадеус во представата „Амадеус“, 1996 г.;
    • Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Розенкранц во представата „Розенкранц и Гилдерстерн се мртви“ на МТФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1995 г.;
    • Награда за најдобар актер во 1994 и 1995 г. во Драмски театар - Скопје;
    • Награда за најдобро театарско остварување за улогата на Џанго во претставата „Грев или шприцер“ на МНФ „Војдан Чернодрински“ – Прилеп, 1993 г.;
    • Награда за најдобар млад актер за улогата Ѓорѓе Пиже во представата „Не сега драга, најдобро е попладне“ од списанието „Екран“.
  • Дополнителни информации
    ТВ-серии:
    • Пејачот (Инсајдер, 2017);
    • Проф. Горан Томовски (Фамилија Марковски, 2017);
    • Борис Сарафов, полицаец Дервиш Ефенди (Тврдокорни, 2013);
    • (Народни приказни, 2009);
    • Ванчо (Обични луѓе, 2009), продукција: Македонска радио телевизија;
    • Здравко (Салон Хармони, 1998), продукција: Македонска радио телевизија;
    • (Македонија може, 1991), продукција: Македонска радио телевизија;
    • (Трето доба, 1987);
    • (Случки од животот, 1987);
    • (Бушава азбука, 1985), продукција: Македонска радио телевизија.

     

    Режија:

    • Заедно со Јордан Симонов, „Кец на десетка“ (2017), автор: Митко Бојаџиски, продукција: Македонски народен театар.

     

    Водител:

    • (Тркало на среќата, ТВ квиз  2009), продукција А1 ТВ;
    • Радио Уно (емисија „Бамбини“ и „Времеплов“);
    • Радио ПроФМ (емисија „Елита“);
    • Радио Равел (емисија „Бамбини“);
    • Радио Македонска радио телевизија (емисија „Хихирику“).
  • Име Драган
  • Презиме Спасов
  • Година на раѓање 1963
  • Пол Машко

Претстави:

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?