Купи билет он-лајн

Јордан Симонов

Јордан Симонов е роден на 10 септември 1966 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра кај проф. Димитрие Османли, во 1992 г. Во 2015 г.  ги завршува постдипломски студии на истиот факултет, отсек: театарска режија, кај проф. Слободан Унковски. Од 1997 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
     
    • Месарот (Дух, 2018), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Понтиј Пилат (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Хамлет (Аферата Елсинор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Соломон (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Гијом (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Адолф (Изгубени германци, 2012), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Пандар (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Павле (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Џонатан Харкер (Дракула, 2008), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Жан Пол Мара, Маркиз де Сад (Мара /САД, 2008), автор: Питер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Ромел Турнел (Болва во уво 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Ѓока (Сомнително лице, 2007), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Зелениот човек (Кралот Иби, 2007), автор: Алфред Жари, режисер: Бојан Трифуновски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Сванте (Близок град, 2006), драматург: Илинка Црвенковска, режисер: Миотраг Маѓар, продукција: Македонски народен театар;
    • Христов (Црнила 005, 2005), автор: Коле Чашуле, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Фисот, Стефан писмочатецот (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Роби Малан (Сцени од животот, 2004), автор: Овен мек Каферти, режисер: Филип ле Моан, продукција: Македонски народен театар;
    • Даме Груев (Белите коњи, 2003), автор: Петре Бакевски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Македонски народен театар;
    • (Жена ми се вика Борис, 2003), режисер: Коле Ангеловски, независна продукција;
    • Началник на бугарската полиција (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Викон де Валмон (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Ќопавиот (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Командирот (Гроф Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • Граѓанинот, Таткото, Анитра, Генералот, Готвачот (Пер Гинт, 2001), автор: Хенрик Ибзен, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Шигалев (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Поп Петруш (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Рилов (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинд, адаптација: Златко Славенски и Огнен Георгиевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • 7 (Плеј Шекспир, 2000), избор, драматизација и режија: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Македонски Фауст, 2000), режисер: Сашо Миленковски, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • (Окото на ѓаволот, 2000), режисер: Југослав Петровски, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • (Професионалци, 2000), режисер: Синиша Евтимов, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • (1999 Експеримент, 1999), режисер: Синиша Евтимов, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • Д. Удар (Носорог 1999), автор: Ежен Јонеско, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Црнила, 1998), режисер: Виолета Џолева, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • Марк (Шопинг анд факинг, 1998), автор: Марк Рејвенхил, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • (Гленгери Глен Роуз, 1997), режисер: Васил Христов, независна продукција;
    • Затвореник (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов и Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • (Хамлет Машина, 1997), режисер: Кристијан Ристевски, копродукција: Македонски народен театар и „Скопско лето“;
    • Јаша, млад лакеј (Вишновата градина, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Мито (Лаж и паралаж, 1996), автор: Јован Стерија Поповиќ, режисер: Егон Савин, продукција: Македонски народен театар;
    • Камердинерот (Глембаеви, 1996), автор: Мирослав Крлежа, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Мулино (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • Клиф (Обѕирни се во гнев, 1995), автор: Џон Озборн, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Меккен (Роденден 1995), автор: Харолд Пинтер, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • (Сонот предизвикан од летот на пчелата околу една калинка, секунда пред будење, 1995), режисери: Златко Славенски, Горан Тренчовски и Александра Ковачевиќ, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Кирил (Буре барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Приказна од дивиот запад, 1994), режисер: Димитар Христов, продукција: Театар за деца и младинци - Скопје;
    • (Црно писмо, 1994), режисер: Владе Цветановски, продукција: Младински културен центар - Скопје и Охридско лето;
    • Раскажувачот, Терсит (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Јуда (Евангелие по Јуда, 1993), режисер: Горан Тренчовски, продукција: Народен театар „Антон Панов“ - Струмица;
    • (Спиро Пирчев – Царо, 1992), режисер: Златко Славенски, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • (Окото на мајката, 1992), режисер: Владо Цветановски, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • Торпедо (Надвор од умот, 1991), автори: Јордан Симонов, Васил Христов, Александар Микиќ, режисер: Васил Христов, копродукција: Македонски народен театар и Дом на млади 25 Мај - Скопје;
    • Прв војник (Медеја, 1989), автор: Дане Зајц, режисер: Вито Тауфер, продукција: Драмски театар - Скопје.
  • Селективна филмографија
    • Кепо (Еј, 2018), автор и режисер: Васил Христов;
    • Шефот (Црно и бело, краткометражен филм, 2018), режисер: Сандра Ѓоргиева;
    • Иван (Исцелител, 2018), режисер: Ѓорче Ставрески;
    • Давид (Елена, 2016), режисер: Дина Дума;
    • Веле (До балчак, 2014), режисер: Столе Попов;
    • Директор на училиште (Аудиција, 2014), режисер: Лавинија Софрониевска;
    • Глас (Скопје Ремиксд, 2012), режисер: Срѓан Јаниќијевиќ;
    • Расим (Балканот не е мртов, 2012), режисер: Александар Поповски;
    • Капетанот (Трето полувреме, 2012), режисер: Дарко Митревски;
    • Мирса (Панкот не е мртов, 2011), режисер: Владимир Блажевски;
    • Таткото (Синот, каткометражен филм, 2011), режисер: Марко Ѓоковиќ;
    • Директор (Некои поинакви приказни, 2010), режисер: Марија Џиџева;
    • Никола (На изгрејсонце, 2009), режисер: Ѓорче Ставревски;
    • Панче (Сенки, 2007), режисер: Милчо Манчевски;
    • Фис (Превртено, 2007), режисер: Игор Иванов - Изи;
    • Пројо (Мост, ТВ филм, 2006), режисер: Коле Манев;
    • (Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станковски;
    • Јорго (Прашина, 2001), режисер: Милчо Манчевски;
    • (Ангели на отпад,1995), режисер: Димитрие Османли;
    • (Сон предизвикан од летот на пчела околу една калинка секунда пред будење, ТВ филм, 1994), режисер: Горан Тренчовски;
    • (Крик на немиот индијанец, ТВ филм, 1993), режисер: Томислав Алексов;
    • (Стрес или погрешна нота, ТВ филм, 1991), режисер: Драги Савевски.
  • Награди
    • Наградата на ревијата „Екран“ за најдобра епизодна улога, за улогата на Клиф во претставата „Обѕирни се во гнев“ во 1995 г.
  • Дополнителни информации

    Режии:

    • (Црнила Remix, 2018), автор: Коле Чашуле, продукција: Младински културен центар - Скопје;
    • (Кец на десетка, 2017, заедно со Драган Спасов - Дац), автор: Митко Бојаџиски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, продукција: Македонски народен театар.

    ТВ серии:

    • Мартин Аугустинов, Господин Петров (Преспав, 2016 -), продукција: ОХО;
    • Тихомир (Инсајдер, 2017);
    • Д-р Воислав (Фамилија Марковски, 2017);
    • Васил (Пепи и Муто, 2015), режисер: Ѓорѓи М. Унковски;
    • (Македонски народни приказни 3, 2011);
    • (Наше маало, 1999), режисер: Игор Иванов;
    • Диоген (Еурека, 1994);
    • Кузман Шапкарев, Брат Никола и Суваријата (Прекалени, 1994);
    • (Бумбари, 1989), режисер: Горан Тренчовски.

    Останато:

    • Има снимано голем број радио драми и надсинхронизации на ТВ серии;
    • Инструктор е по актерска игра на филмовите „Балканот на е мртов“ и „Трето полувреме“.

     

  • Име Јордан
  • Презиме Симонов
  • Година на раѓање 1966
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?