Тања Кочовска е родена на 21 јануари 1967 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1989 г. Од 1991 г. работи во Драмски театар - Скопје, во 1993 г. преминиува во Театар за деца и младинци - Скопје, а потоа во 2017 г. преминува во Македонски народен театар - Скопје.