Купи билет он-лајн

Трајче Ѓоргиев

Трајче Ѓоргиев е роден на 28 јули 1967 г., во Кочани. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски, во 1991 г.  Од 1998 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
    • Бил Остин (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот - Словенија;
    • Јанушек (Прекината одисеја, 2016), автор: Роберт Урбањски, режисер: Јацег Гломб, продукција: Македонски народен театар;
    • Степан Богданович Лиходеев/Глухарјов/Гостин на балот (Мајсторот и Маргарита, 2015), автор: Михаил Булгаков, режисер: Иван Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Фридрих Ниче (Аферата Елсињор, 2014), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Хор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Комесарот (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Бу змијата (Самовилско јајце, 2011), автор: Исидора Данкан, режисер: Снежана Коневски - Руси, продукција: Македонски народен театар;
    • Тетин Јаков (Госпоѓа министерка, 2009), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Доктор Финаш (Болва во уво, 2007), автор: Жорж Фејдо, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • (Ревизор, 2006), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Соседот (Жени во народното собрание, 2004), автор: Аристофан, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
    • Силјан (Писание, 2002), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Виргински (Демони, 2001), автор: Фјодор Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • (Фортуна Десперата, 2001), автор: Луциј Анека Сенека, режисер: Александар Илиев, продукција: Македонски народен театар;
    • Благоја Ќелавиот (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Доктор Волпер, Криминалец, Адвока, Таткото на Бетмен (Бетмен враќањето на црниот витез, 1999), автори: Кристијан Ристевски и Френк Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Убавина, 1999), автор: Ив Бонфоа, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Сапорта Робесвјер (Мисија, 1998), автор: Хајнер Милер, режисер: Кристијан Ристевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Харон (Жаби, 1998), автор: Аристофан, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Измамник со карти, Бармен (Едмонд, 1997), автор: Дејвид Мемет, режисери: Синиша Евтимов, Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
    • Етјен (Кројач за дами, 1996), автор: Жорж Фејдо, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • Спасе (МКС, 1995), автор: Војдан Чернодрински, адаптација и режија: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Мижуев (Мртви души, 1994), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Полицаец (Буре Барут, 1994), автор: Дејан Дуковски, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Чинели (Јануари, 1994), автор: Јордан Радичков, режисер: Вје Парапанов, продукција: Македонски народен театар;
    • Ивковиќ (Народен пратеник, 1993), автор: Бранислав Нушиќ, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • Хермес, Херакло (Мир, 1993), автор: Аристофан, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Пандар, Улис (Троил и Кресида, 1993), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Бенгстон (Соната на сеништата, 1992), автори: Август Стриндберг, режисер: Стојан Стојановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Густав (Надвор од умот, 1991), автори: Александар Микиќ, Васил Христов и Јордан Симонов, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Акаст (Мизантроп, 1989), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар.
  • Селективна филмографија
    • Марко Цепенков (Нави, ТВ филм, 2006), автор: Владимир Плавевски, режисер: Миодраг Шаурек;
    • Прв советник (Големата вода, 2004), автор: Живко Чинго, режисер: Иво Трајков;
    • (Чекор пред времето, краткометражен филм, 2003), автор: Божо Лититаров, режисер: Горан Тренчовски;
    • Орфеј (Словенски орфеј, ТВ филм, 1992), режисери: Ацо Алексов и Горан Тренчовски;
  • Награди
     
    • Награда на директорите на фестивалот“ на Меѓународниот фестивал во Габрово, Република Бугарија, за претставата „Човекот“, мај 2006 г.;
    • Награда за најдобра сценска игра (Најбољи покрет), на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука за претставата „Човекот“;
    • Гран при на ДАФ, Кочани за претставата „Најкратки драми на светот“, 2003 г.;
    • Гран при на ДАФ, Кочани за претставата „Јане Задрогаз“,1999 г.
    • Гран при на ДАФ, Кочани за претставата „Домот на Бернарда Алба“, 1998 г.;
    • Гран при на ДАФ, Кочани за претставата „Настојник“, 1996 г.;
    • Гран при за најдобра претстава и најдобра режија на ДАФ - Кочани за претставата „Кралот Иби“, 1991 г.
  • Дополнителни информации

    ТВ серии:

    • Огнен (Инсајдер, 2017);
    • Војводата Коте Андртски (Тврдокорни, 2013);
    • Митре (Турниме да кинисам, 2011);
    • (Македонски приказни 3, 2010);
    • Огнен (Обични луѓе, 2005);
    • Здравко (Погрешно време, 2000-2001);
    • (Македонски приказни 2, 1996-1997);
    • (Во светот на бајките, 1997);
    • Петиот хорист (Еурека, 1991-1994);
    • Студент-Ѓакон (Прекалени, 1994);
    • (Тврдокорни, 1992);
    • Ж'та (Бумбари, 1989), режисер: Горан Тренчовски;

     

    Режии:

    • „Омнибус плус“, пантомима; во соработка со Меѓуопштинската организација на глуви и наглуви лица од Врање, Република Србија, а претставата е одиграна на сцената на Домот на армијата во Врање, 2013 г.;
    • „Без зборови“, во соработка со УНЕСКО и Универзитетот ФОН, во склоп на проектот „Театарот на пантомимата ги зближува младите и ги премостува јазичните бариери“, одиграна во Универзалната сала - Скопје, а гостувања се реализирани во Струга, Охрид и Струмица, 2011 - 2012 г.;
    • „Љубов“, пантомима; во соработка со Меѓуопштинската организација на глуви и наглуви лица од Врање, Република Србија, а претставата е одиграна на сцената на Народниот театар во Врање, 2012 г.;
    • „Вишновата градина“, автор: Антон Павлович Чехов, Македонски народен театар, 2010 г.;
    • „Домот на Бернарда Алба“, автор: Федерико Гарсија Лорка, во Иванчна Горица, Р. Словенија, 2009 г.;
    • „Ромео и Џулиета“, автор: Вилијам Шекспир, 2006 г.;
    • „Зимска бајка“, автор:  Ханс Кристијан Андерсен, 2005 г.;
    • „Раце за пријателство“, автор: Андреј Илиевски, 2005 г.;
    • „Човекот“ (пет мономима за еден актер, 2005) од Марсел Марсо; во КИЦ,  Скопје, со која ја добил „наградата на директорите на фестивалот“ на Меѓународниот фестивал во Габрово, Република Бугарија одржан во мај 2006 г., и наградата за најдобра сценска игра (Најбољи покрет), на фестивалот „Златен рис“ во Бања Лука. Со истата претстава учествувал и на Меѓународниот фестивал на пантомима во Љубљана, Р. Словенија, на седмиот Фестивал на пучки театар во Омишаљ, Р. Хрватска, на Деветтиот фестивал на моноперформанси во Хановер, Германија, како и на осмиот меѓународен арт фестивал во Шангај, НР Кина;
    • „Улица“, разни автори, КИЦ - Скопје, 2004 г.;
    • „Домар“, автор: Харолд Пинтер, мала сцена на Македонски народен театар - Скопје, со која гостувал низ неколку градови во Р. Македонија и Р. Словенија, 2004 г.;
    • „Најкратки драми на светот“, разни автори, добитник на Гран при на ДАФ во Кочани, 2003 г.;
    • „Горски музиканти“, автор: Васил Јонков,  2003 г.;
    • „Јане Задрогаз“, автор: Горан Стефановски, добитник на Гран при на ДАФ во Кочани,1999 г.
    • „Домот на Бернарда Алба“, автор: Федерико Гарсија Лорка добитник на Гран при на ДАФ, 1998 г.;
    • „Убавицата и ѕверот“, адаптација: Трајче Ѓоргиев, 1998 г.;
    • „Принцезата со најкренат нос“, автор:  Афродита Кирјаковска, 1997 г.;
    • „Настојник“, автор:  Харолд Пинтер, добитник на Гран при на ДАФ, 1996 г.;
    • „Емигранти“, автор:  Славомир Мрожек, 1995 г.;
    • „Јане Задрогаз“, автор: Горан Стефановски, 1994 г.;
    • „Том Соер“, автор: Марк Твен, 1994 г.;
    • „Сеништа“, автор: Плаут,  1992 г.;  
    • „Кралот Иби“, автор: Алфред Жари добитник на Гран при за најдобра претстава и најдобра режија на ДАФ - Кочани,1991 г.

     Други режии:
    • Неколку комерцијални и музички видео спотови како и на три видеозаписи за невладината организација „Потрага по заедничка основа“ (Search for common ground);
    • Документарно-образовната серија во три епизоди „Азбука на пантомимата“ реализирана со средства, одобрени од Советот за радиодифузија на конкурсот во 2003 г., како и на документарниот филм „Осогово, луѓе, села“, 2008-2009 г. финансиран од Прохелветиа и Општина Кочани.

    Останато:

    • Основач е на ПАНФИЗ, Меѓународниот фестивал за пантомима и физички театар;
    • Со театарска и видеорежија се занимава уште од 1991 г. претежно водејќи го театарското драмско студио при Домот на културата „Бели мугри“ во Кочани каде што во периодот (1991-2006); Настапувал во повеќе претстави за деца, кои се играле насекаде низ Македонија, па и таму каде што сѐ уште не дошол театар, и за него тоа претставува една благородна мисија во воспитувањето и културното образование на децата;
    • Има реализирано повеќе од 400 синхронизации и надсинхронизации на цртани филмови во склоп на Македонската радио-телевизија и различни приватни продукции;
    • На радио има снимено повеќе радиодрами, како и учество во хумористичната радиоемисија на Македонското радио, „Дупло голо“ која е емитувана во периодот 1994 — 1998 г. со повеќе од 200 епизоди; Учествувал во неколку ТВ филмови, серии и тоа во македонскиот игран филм „Големата вода“, како и во филмот на Милчо Манчевски, „Сенки“.

     

     Дополнително образование:
    • Театар за пантомима-летна школа на Кенјон колеџ, Гамбир, Охајо, 008 г.;
    • Едногодишни специјалистички студии по пантомима во класата на проф. д-р Александар Илиев, на Националната академија за театарска и филмска уметност „Крсто Сарафов“, во Софија, Република Бугарија, 2005 – 2006 г.
  • Име Трајче
  • Презиме Ѓоргиев
  • Година на раѓање 1967
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?