Купи билет он-лајн

Висар Вишка

Висар Вишка е роден на 17 јануари 1977 г. во Гостивар. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерска игра, во класата на проф. Љубиша Георгиевски во 1999 г. Од 2011 г. работи во Македонски народен театар – Скопје.

  • Селективна театрографија
    • Духовникот (Силјан штркот шанца, 2016), автор: Дејан Дуковски, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Џон Балтимор (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Младичот (Шехерезада – црна комедија во 1001 минута, 2011), автор и режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, копродукција: Македонски народен театар и Виш продукција;
    • (Сина соба, 2007), автор: Дејвид Хер, превод и режисер: Висар Вишка, копродукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје и ОДА Театар Приштина;
    • (Фани доаѓа сама, 2005), автор: Ресул Шабани, режисер: Адонис Филипи, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;
    • Орас (Училиште за дами, 2004), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Софија Ристевска, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;
    • Д-р Остенмарк (Татко, 2003), автор: Август Стриндберг, режисер: Слободан Унковски, продукција: Бајруш Мијаку;
    • Курт (Палатата на соништата, 2002), автор: Исмаил Кадаре, режисер: Алтин Баша, копродукција на три национални театри од Приштина, Тирана и Скопје;
    • Марк Антони, Ромео (Плеј Шекспир, 2000), од трагедиите на Шекспир, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Платор (Генти, 2000), режисер: Сулејман Рушити, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје;
    • (Децата на Лилит, 2000), автор: Маја Мицевска, режисер: Ѓорѓи Јолевски, продукција: Универзална сала-Скопје;
    • (Лифтот од горе, 1999), автор: Харолд Пинтер, превод: Висар Вишка, продукција: Факултет за драмски уметности, Скопје и Македонски народен театар;
    • (Тартиф, 1999), автор: Жан Батист Молиер, копродукција: Факултет за драмски уметности-Скопје и Театар на народности Албанска драма-Скопје;
    • (Играта, 1999), автор: Една Мазија, режисер: Бујар Кума, продукција: Скена Опскуре;
    • (Тест, кореодрама,1999),  режисери: Наташа Поплавска и Гордана Деан Поп Христова, продукција: Македонски народен театар;
    • (Коските што доцна доаѓаат, 1998), автор: Теки Дервиши, инспириран од романот „Палата од соништа“ на Исмаил Кадаре, номиниран за Нобелова награда, режисер: Владимир Милчин, продукција: Театар на националностите, Театар на народности Албанска драма-Скопје;
    • Леарт (Хамлет, 1998), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Владо Цветановски, продукција: Драмски театар-Скопје;
    • Тој (Чест, 1998), автор: Васил Иљоски, режисер: Виолета Џолева, продукција: Драмски театар-Скопје;
    • (Тој имаше два пиштола со црни и бели очи, 1996), автор: Дарио Фо, режисер: Димитар Станковски, продукција: Театар на народности Албанска драма-Скопје.
  • Селективна филмографија
     
    • Резарт (Отворена врата, 2019), режисер: Флоренс Папас;
    • Кареро (Генерал, 2018), режисер: Антун Врдољак;
    • (Долорес, 2017), режисер: Радован Петровиќ;
    • (Човекот кој не беше таму, краткометражен филм, 2017), режисер: Гоце Цветановски;
    • (ДОДА: Животот и авантурите на Франц Барон Нопша, документарен филм, 2016), сценарист и режисер: Висар Вишка;
    • Тахир Хабиби (Белиот град, ТВ-филм, 2015), режисер: Стивен Гаган;
    • Смртта, Џони (Човекот кој не сакаше да умре, 2015), сценарист и режисер: Гоце Цветановски;
    • Алекс (Мал дисконтинуитет во време/просторот, 2013), режисер: Гоце Цветановски;
    • Лутвија Белмондо Мирга (Шангај џипси, 2012), режисер: Марко Набержник, продукција: Арс Медија-Словенија;
    • Генти (Балкан Базар, 2011), сценарист и режисер: Едмонд Будина, продукција: Ера филм-Албанија и Медиаплекс-Италија;
    • Американецот (Ова не е американски филм, 2011), режисер: Сашо Павловски, продукција: Мануфактура;
    • Стево (Бунило, ТВ-филм, 2009), режисер: Даријан Пејовски;
    • Командант на КЛА (Human Zoo, 2009), режисер: Рие Расмусен;
    • Висар (Боли ли?, 2006), прв балкански Догма филм (светска премиера на Филмскиот фестивал во Ротердам 2007 г., номинација за Златен тигар), продукција: AKA FILM & Concordia Pictures, земји: Македонија, Косово и Холандија;
    • (Години самотија, 2004), краток филм (кој беше во конкуренција за Гран при на Интернационалниот филмски фестивал за таленти во Монте Карло), продукција: Дрим фактори, Македонија;
    • (Имам право да знам, 2003), продукција: Дрим фактори;
    • (Не заборавај ме/Unutma beni, 2002), продукција: Канал Д-Турција;
    • (Жена без крилја, 2000), продукција: Cinegraph Productions, земји: Канада и Албанија.
  • Дополнителни информации
     

    ТВ-серии:

    • Гент (На терапија, 2017), режисер: Вардан Тозија;
    • Доку Закајев (Легенди, 2015);
    • Полицаецот Виши (Икс компани, 2015);
    • Имам Хасан (Филантропист, 2010), режисер: Џон Стрикланд;
    • (Наше маало, 1999), првата сезона, продукција: „Потрага по заедничка основа“;
    • (Во светот на бајките, 1999);
    • (Салон хармони, 1998), продукција: Македонска радио телевизија.

    Останато:

    • Советник на министерот за култура Асаф Адеми, 2018 г.
    • Советник на министерот за култура за кинотечна дејност, 2007 г.
    • Извршен директор на Свет филма/Кодак за Албанија и Косово, 2006 г.
    • Асистент за комуникации на УНДП, од мај 2005 г. до ноември 2006 г.
  • Име Висар
  • Презиме Вишка
  • Година на раѓање 1977
  • Пол Машко
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304 и +389.2.3216.366

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?