Купи билет он-лајн

Звездана Ангеловска

Звездана Ангеловска е родена 12 јуни 1970 г., во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје, на отсекот за актерка игра во класата на проф. Владимир Милчин, во 1993 г. Своето дообразување го продолжува во Санкт Петербург, Русија на Државната театарска академија на уметностите – на театарска режија,  каде што ја стекнува титулата магистер на театарските уметности 2007 г., во класата на д-р Јуриј Михаилович-Красовски. Од 1995 г. работи во Драмски театар – Скопје, а од 1999 г. преминува во Македонски народен театар - Скопје.
  • Селективна театрографија
    • Ирина Николаевна Аркадина (Галеб, 2018), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Нина Николиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Ева Гуел (Госпоѓиците од Авињон, 2018), автор: Сашо Димоски, режисер: Ненад Витанов, продукција: Македонски народен театар;
    • Серафима Илинична (Животот е прекрасен, 2016), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
    • Алма Малер (Алма Малер, 2015), автор: Сашо Димоски, режисер: Васил Зафирчев, продукција: Македонски народен театар и Арт маркетинг;
    • Првата жена (Тероризам, 2015), автори: Владимир и Олег Пресњаков, режисер: Јордан Симонов, продукција: Македонски народен театар;
    • Клитемнестра (Електра, 2014), според Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
    • Баба Тила (Сината птица, 2014), автор: Морис Метерлинк, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • Малина Поп-Иванова (Вечната куќа, 2013), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Дејан Пројковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Винченцо (Изгубени германци, 2013), автор: Дејан Дуковски, режисер: Слободан Унковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Кристина (Госпоѓица Јулија, 2012), автор: Август Стриндберг, режисер: Саулиус Варнас, продукција: Македонски народен театар;
    • Клаудија (Свето срце, 2010), автор и режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Симона Еврард (Мара/САД, 2008), автор: Петер Вајс, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
    • Софија (Сликата на Софија, 2008), автор: Маја Стефановиќ, режисер: Александра Ковачевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Кукла Неточка (Неточка-италијанска композиција, 2006), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, продукција: Театар „Особњак“, Санкт Петербург, Русија;
    • Клитемнестра (Безимениот, 2005), според „Електра“ од Софокле, режисер: Елени Бозо, продукција: Македонски народен театар;
    • Ана Франк (Ана, 2004), музичка бајка според „Дневникот на Ана Франк“, режисер: Звездана Ангеловска, продукција: Универзална сала, Скопје;
    • Луција (Папокот на светот, 2004), автор: Венко Андоновски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
    • (Мадам кабаре, 2004), драматизација: Маја Младеновиќ, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Универзална сала, Скопје;
    • Ленче (Бахтале Рома, 2004), драматизација: Русомир Богдановски, режисер: Рахим Бурхан, продукција: Универзална сала, Скопје;
    • Марина Цветаева (Повест за Соњечка, 2003), според делото: Марина Цветаева, режисер: Благој Мицевски, продукција: Народен театар, Битола;
    • Магда (Црна дупка, 2003), автор: Горан Стефановски, режисер: Сашо Миланковски, продукција: Македонски народен театар;
    • Министерка (Кутрите мали хрчки, 2002), автор: Гордан Михиќ, режисер: Иво Лауренчиќ, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Марушка Лазареска (Писание, 2002), автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Мадам Д’Турвел (Опасни врски, 2002), автори: Шадорло де Лакло и Кристофер Хемптон, режисер: Љупчо Ѓоргиевски, продукција: Македонски народен театар;
    • Заза Габор (Пат за Парамарибо, 2002), автор: Томислав Османли, режисер: Виолета Џолева, продукција: Фестивал Скопско лето;
    • Лица (Ослободување на Скопје, 2002), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија (Приказни од западната страна, 2001), режисер: Снежана Коневски-Руси, продукција: Македонски народен театар;
    • Смилјана (Грофот Миливој, 2001), автор: Ристо Крле, режисер: Димитрие Османли, продукција: Македонски народен театар;
    • Марија Тимофеевна Лебјаткина (Демони, 2001), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
    • Малата (Павилјони, 2001), автор: Милена Марковиќ, режисер: Срѓан Јаниќијевиќ, продукција: Македонски народен театар;
    • Водениот цвет-Цвета (Балканот не е мртов, 2001), автор: Дејан Дуковски, режисер: Александар Поповски, продукција: Македонски народен театар;
    • Анхела (Хроника на една најавена смрт, 2001), автор: Габриел Гарсија Маркес, режисер: Валентин Светозарев, продукција: Македонски народен театар;
    • Летка (Немушт јазик, 2000), автор: Блаже Миневски, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
    • Малина (Еригон, 1999), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владе Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
    • Офелија (Хамлет, 1998), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Владе Цветановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Малечката (Роберто Зуко, 1998), автор: Бернар Мари Колтес, режисер: Дритро Касапи, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Маргарите (Фауст, 1997), автори: Гете, Марлоу и Ман, режисер: Ѓорѓи Јолевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Актерот (Среќата е нова идеја во Европа, 1997), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Владе Цветановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Соња (Вујко Вања, 1997), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Ц (Три високи жени, 1997), автор: Едвард Олби, режисер: Димитар Станковски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Фатима (Мост, 1996), автор: Иво Андриќ, режисер: Сашо Миленковски, продукција: Народен театар, Струмица;
    • Еуса (Дона Хуана, 1996), автор: Анка Визидеи, режисер: Коле Ангеловски продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Луси (Питачка опера,1996), автор: Вацлав Хавел, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Марија Антоновна (Ревизор, 1996), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Жената (Циркус Принтимпрам, 1995), автор: Даниел Хармс, режисер: Александар Поповски, продукција: Културен центар „Мала станица“, Скопје;
    • (Игранка во времето на лунаса, 1995), автор: Брајан Фрил, режисер: Александра Ковачевиќ, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Цвета (Кумови, 1995), автор: Коле Ангеловски, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Кончита Матерацо (Молам за секс, 1994), автор: Том Кемпински, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“, Прилеп;
    • Матурина (Дон Жуан, 1994), автор: Жан Батист Молиер, режисер: Ненад Стојановски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Ангелина (Туку така под облака, 1994), автори: Александар Поповски и Дарко Митревски, режисери: Александар Поповски и Дарко Митревски, продукција: Културен Центар „Мала станица“, Скопје;
    • Кристина (Маратонците го трчаат последниот круг, 1994), автор: Душан Ковачевиќ, режисер: Коле Ангеловски, продукција: Драмски театар - Скопје;
    • Исмена (Жена, 1993), автор: Едвард Бонд, режисер: Владимир Милчин, дипломска претстава при Факултетот за драмски уметности, Скопје и Македонски народен театар;
    • Невестата (Гор јаболко,1993), автор: Д. Наневски, режисер: Боњо Лунгов, продукција: Фестивал Скопско лето;
    • (Музичко кабаре, 1993), идеја и режисер: Боњо Лунгов, продукција: Македонски народен театар;
    • Антигона (Антигона, 1993), автор: Душан Јовановиќ, режисер: Ленка Удовички, продукција: Народен театар, Куманово;
    • Клитемнестра (Евмениди, 1993), автор: Есхил, режисер: Горан Тренчовски, продукција: Младински културен центар - Скопје.
  • Селективна филмографија
    • Шпанската жена во депо (Ослободување на Скопје, 2016), автори и режисери: Данило и Раде Шербеџија;
    • Неда (Елер, краткометражен филм, 2016), автор и режисер: Марко Ѓоковиќ;
    • Благуна (Трето полувреме, 2012), сценарист и режисер: Дарко Митревски;
    • Халида (Како да ме нема, 2010), според авторско дело на Славенка Дракулиќ, режисер : Хуанита Вилсон, (ирско-македонска-босанска копродукција);
    • Последната жена (Години на самотија, краткометражен филм, 2005), сценарио и режисер: Филип Кондовски;
    • Жената (Ти си жива, краткометражен филм, 2005), автор и режисер: Марија Џиџева;
    • Ружа Каранфилова (Бал-кан-кан, 2005), автор и режисер: Дарко Митревски, (македонско-италијанска копродукција);
    • Велика (Најденка, 2001), сценарист и режисер: Блажо Трендафилов;
    • Сашка Корженска (Мис Амнезија, краткометражен филм, 2000), автор и режисер: Марија Џиџева;
    • Жената со пушка (Збогум на дваесетиот век, 1998), автори и режисери: Дарко Митревски и Александар Поповски;
    • (Калигула, ТВ филм 1997), режисер: Миле Гроздановски;
    • Соња Александровна (Вујо Вања, ТВ филм, 1997), режисер: Душко Наумовски;
    • (Македонска сага, 1993), автор: Симон Дракул, режисер: Бранко Гапо.
  • Награди
    • Златно јаболко, на фестивалот „Актерот на Европа“, за улогата на Неточка Незванова во претставата „Неточка-италијанска композиција 2 дел“ според новелата на Фјодор Михајлович Достоевски;
    • За улогата на уличниот актер во изведба на Моника Санторо (Италија-Русија), режисер: Звездана Ангеловска, Театарски фестивал, Ресен, 2007 г.;
    • „Златна бубамара на популарноста“ за актерка на годината за 2004 г.;
    • За најдобро актерско остварување - „Марина Цветаева“ Фестивал „Ристо Шишков“, Струмица, во претставата „Повест за Соњечка“, автор: Марина Цветаева, драматизација: О. Павловиќ, режисер Благој Мицевски - 2003 г.;
    • „Златна бубамара на популарноста“ за актерка на годината за 2002 г.
  • Дополнителни информации

    ТВ серии:

    • Монашка (Кум, 2013), режисер: Тимур Алпатов, руско-македонска копродукција;
    • Софи (Од денес за утре, 2010 -2011);
    • (Народни приказни, 2009);
    • Мајката-принцеза (Детето Ѕвездан, ТВ бајка, 2000), режисер: Томислав Алексов;
    • Заѕиданата сестра (Мост, ТВ бајка, 2000), режисер: Миле Гроздановски;
    • Марија (Во светот на бајките, ТВ бајка, 1996), режисер: Миле Гроздановски;
    • (Уа шнајдери, 1995), автори и режисери: Александар Поповски и Дарко Митревски
    • Маја (Бумбари во нашиот град, 1994), режисер: Горан Тренчовски;
    • (Еурека, 1991).


    Театарски режии:

    • „Хеда Габлер“, автор: Хенрих Ибзен, продукција: НУ Народен театар - Битола, 2013 г.;
    • „Така зборуваше Заратустра“, автор: Фридрих Ниче, продукција: НУ Народен театар - Битола, 2012 г.;
    • „Кралот Елен“, автор: К. Гоци, продукција: НУ Аљметевск, Русија (Татарстан), 2011 г.;
    • „Евгениј Онегин“, автор: Александар Пушкин, продукција: НУ Театар „Јордан Хаџи Константинов Џинот“ - Велес, 2011 г.;
    • „Вишновата градина“, автор: Аантон Павлович Чехов, продукција: НУ Народен театар - Битола, 2011 г.;
    • „Сребрена свадба“, автор: Габриел Гарсија Маркес, продукција: Македонски народен театар - Скопје, 2010 г.;
    • „Маркиза“, автор: Јукио Мишима, продукција: Драмски театар - Скопје, 2009 г.;
    • „Неточка-италијанска композиција 2 дел“, според новелата на Фјодор Михајлович Достоевски, 2007 г.;
    • „Неточка Незванова“, Театар ,,Особњак“ во Санкт Петербург, Русија, 2007 г.;
    • „Неточка-италијанска композиција 1 дел“, според новелата на Фјодор Михајлович Достоевски, 2006 г.;
    • „Бел театар“, при Музејот на Фјодор Михајлович Достоевски во Санкт Петербург, Русија, 2006 г.;
    • „Ана Франк“, според дневникот на Ана Франк, 2004 г.;
    • „Животинска фарма“, автор: Џорџ Орвел, 2004 г.;
    • „Уметноста на војната“, автор: Шун Цу, продукција: Универзална сала, Скопје, 2004 г.
  • Име Звездана
  • Презиме Ангеловска
  • Година на раѓање 1970
  • Пол Женско
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725 и +389.2.3216.366

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

 

Какви известувања сакате да добивате?