On-line продажба на билети   МНТ FM - Слушајте театар
9.6 | 20:00 МНТ-ФЕСТ БАЛКАНСКИ STAND UP СО САШКО КОЦЕВ И ПРИЈАТЕЛИТЕ
Сашко Коцев и Никола Тодороски (Македонија) *1:40 

Ненад Стефановски (Србија/Македонија) *15 минути

Ненад Стефановски е млад комичар во организацијата Standup.rs веќе 3 години. Стефановски е роден во Македонија, но неговото детство го поминува во Белград каде што сега живее и работи. Гостувал ширум Србија, настапува во неговиот матичен клуб Бен Акиба, работел и како водител/модератор на поголеми корпоративни настани. Добил прекар по место во Србија, а не по Дизниевиот јунак. Секој настап го започнува со „Добровечер Белграде“, бидејќи го живее својот сон на Македонец во Белград.

http://standup.rs/standup-eri/nenad-stefanovski/

Александар Перишиќ (Србија) * 20 минути

Александар Перишиќ оваа година ја одбележува шестгодишнината од неговото работење како комичар во Standup.rs. Заедно со неговите колеги учествувал во создавањето на емисиите Stand up and more на каналот Comedy Central Extra. Настапувал во сите бивши републики на СФРЈ, Унгарија, на фестивали во Бугарија и на сите значајни фестивали во регионот. На гостувањата најчесто настапувал со Марина Орсаг од Хрватска со култната тематска стенд-ап претстава „Каде бре?!“ тема што се занимава со српско-хрватските односи и веќе две години ја изведуваат во Хрватска и во Србија. Перишиќ е познат по црниот хумор како и по учеството во Комедија на импровизации со колегата Срѓан Динчиќ.
http://standup.rs/standup-eri/aleksandar-perisic/


Јелена Радановиќ (Србија) *20 минути

Јелена Радановиќ е резидент-комичарка во Standup.rs и прва дама на стенд-ап сцената во Србија. Како стенд-ап комичарка работи од 2011 г. кога со одлуката на жирито и публиката победила на StandUpFest во Белград на натпреварот Отворен микрофон. Со својот хумор и талент плени и ги руши предрасудите дека стенд-ап е машка работа/професија. Во текот на кариерата настапувала во регионот, како и во својот матичен клуб Бен Акиба во Белград, како и во клубови, театарски сцени и на најпознатите регионални фестивали. Покрај стенд-ап, Раденовиќ работела и како водителка на радиоемисија и како уредник на забавна програма на ТВ. По петгодишно искуство како стенд-ап комичарка, по 100 настапи во Србија и во регионот, во клубови и на најголемите фестивали, Радановиќ на 1 ноември 2016 г. во клуб-барот Бен Акиба Комеди, премиерно го одиграла шоуто „Ако јас не ви одмогнам, кој?“
http://standup.rs/standup-eri/jelena-radanovic/


Тин Водопивец (Словенија) * 20 минути

На почетокот на својата кариера во 2016 година, Тин Водопивец настапувал во 12 држави на три различни јазици. Својот прв интернационален настап го имал во 2010 година на фестивалот на комедија Leicester, а во 2011 година станал прв балкански комичар кој бил повикан да го изведе своето шоу на Comedy Store во Лондон.
Исто така настапувал во Лос Анџелес, Париз, Виена, Будимпешта, Белград, Загреб, Скопје и пошироко на Балканот. 
Тин е соосновач на фестивалот на стенд-ап комедија во Љубљана, кој многу брзо станал еден од најголемите фестивали во регионот.
Тој своето второ one man show го изведувал во Цанкарјев дом, во преполна сала во Љубљана шест вечери по ред во ноември 2012 година.
Во март 2013 година Тин го најавил Еди Изард на неговото шоу во Словенија и во Хрватска.
Од септември до декември 2013 година, Тин водел неделна стенд-ап тв- емисија што била емитувана на словенечката национална телевизија Планет ТВ. Тиновото трето one man show „Дезерт“ премиерно е изведено на 6 октомври 2014 година.
Во август 2015 година Тин на YouTube ја постави својата comedy special „Озбиљне глупости“ што е снимена во Загреб.
Во моментов Тин е на турнеја низ Словенија со своето ново шоу Старо за ново заедно со пионирот на словенечката комедија 60-годишниот Борис Кобал. Премиерата на шоуто е изведена во Операта во Љубљана и оттогаш имаат скоро 100 настапи.
Во декември 2016 година Тин имал турнеа низ Скандинавија, во Копенхаген, Гетеборг и Хелсинки каде што бил финалист во The funniest Person in the World Competition и е номиниран во првите 20.
http://standup.rs/standup-fest/tin-vodopivec/


Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата Купи карти за се
http://mnt.mk/novosti/online-prodazhba-mnt-i-kkzs

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304
МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?