Концерт 5+ БЕНД -Дружбата продолжува-

Чест ни е да Ви ги најавиме предновогодишните големи концерти на 5+ Бенд во Македонскиот народен театар. Членови на 5+ Бенд се омилените ликови од детската играна ТВ серија 5+ Фамилија, а шоуто е производ на соработката меѓу НУ Македонски народен театар и продукцијата ОХО.

Концертите се закажани за периодот од 15-ти до 25-ти декември.
15.12 (вто.) 10 и 12 часот
16.12 (сре.) 10, 12, 15 и 17 часот
17.12 (чет.) 10, 12 и 18 часот
18.12 (пет.) 10 и 12 часот
19.12 (саб.) 18 часот
20.12 (саб.) 11, 13 и 18 часот
21.12 (пон.) 10 и 12 часот
22.12 (вто.) 10 и 12 часот/алб., 17, 19/18, 20 часот/мак.
23.12 (сре.) 10 и 12 часот
24.12 (чет.) 10,12 и 18 часот
25.12 (пет.) 18 часот

5 Bend

5+ Бендот е составен од актерите :
Билјана Драгичевиќ Пројковска – Петко
Сања Арсовска – Лина
Игор Ангелов – Цветко
Зоран Љутков – Комшо
Ивана Павлаковиќ – Марија
Марија Кондовска – тетка Душка
Сара Климоска – Ана

Билетите можете да ги купите на билетарницата на Македонскиот народен театар, по цена од:

Влезници во регуларна продажба: 300 ден.
Влезници за компании: 200 ден.
Влезници за групна посета од училишта и градинки: 150 ден.

За сите подетални информации јавете се на билетарницата на МНТ – 02 3230 304
#ДружбатаПродолжува во живо

Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk