On-line продажба на билети   МНТ FM - Слушајте театар
5 и 6.6 | 20:00 МНТ-ФЕСТ „МАГБЕТ“ ХУИ ОПЕРА И ПЕКИНШКИ ОПЕРСКИ ТЕАТАР, КИНА
Магбет: исплашена душа во изведба на

Хуи опера и пекиншки оперски театар 

од провинцијата Анхуи



Улоги:

Ѕи Јин - Јушу Ванг

Ќи Ѓанг - Ѓингтинг Ќу

Ву Бо - Јун Тао

Тај Канг - Хујганг Ѓин

Кралот - Кај Џанг
Принцот - Синчен Ѓин
Вештерките - Хе Јанг, Минг Ду, Лисја Ванг, Менгјуан Ќин
Генерал Су - Син Ли
Чиновници, војници, духот и хор од актери на театарот
Авторски тим:
Режисер: Ќина Су
Асистент-режисер: Ѓингсјен Ванг 
Продуцент: Бејсјунг Су
Помошник-продуцент: Гуопинг Ѓи
Линиски продуцент: Ќинг Дунг
Продукциски менаџер и уметнички супервизор: Лонгбин Ли
Консултант на Хуи опера: Тајшан Ли
Сценарист: Ќенг Сун
Сценски уметнички дизајнер: Пејсен Ванг
Музички дизајнер: Џејуен Су и Јинху Џао
Мелодиски дизајнер: Јифенг Ву и Ај Сјанг
Светло-дизајнер: Џенгпинг Џоу
Кореограф: Леј Љу
Акциски кореограф: Минг Ду
Координатор на проби: Ѓен Гуан
Инспициент: Јименг Је
Литературен консултант и преведувач: Бјаоѓуен Џу
Супервизор на меѓународна културна и уметничка размена: Фенгминг Џу

1. Магбет: исплашена душа учествуваше на најголемиот уметнички фестивал во светот Edinburg Festival Fringe, во 2016 година. Фестивалот беше одржан од 5 до 29 август 2016 година, со содржина од над 3000 неверојатни, уникатни и инспиративни настани.
2. Магбет: исплашена душа е исклучителна претстава – добитник е на Тринаесеттата фестивалска награда за кинеска драма.
Синопсис
За време на пролетта и есента (770-476 пр.н.е.), државата Веи била на работ да биде освоена, но генералот Ѕи Јин застанал во одбрана на својата земја.
На неговото триумфално враќање, генералот Ѕи Јин среќава три богови, кои му кажуваат три пророштва. Третото пророштво е дека Ѕи Јин наскоро ќе стане крунисан крал на државата Веи. Генералот Ѕи Јин воопшто не верува во она што тие го кажуваат. Сепак, со исполнување на првите две пророштва, Ѕи Јин станува сè порезервиран. Обземен од амбицијата и поттикнат на акција од страна на неговата сопруга, Ѕи Јин го убива кралот и застанува на престолот. Потоа го опфаќа чувство на вина и параноја, па наскоро станува тирански владетел бидејќи е принуден да извршува сè повеќе и повеќе убиства за да се заштити себеси од непријателствата и големата недоверба. Крвопролевањето и граѓанската војна која следува набрзо, ги доведува Ѕи Јин и неговата сопруга до ароганција и лудило. Неколку години подоцна, верните службеници и генерали од претходната династија ги обединуваат своите сили и се одмаздуваат на кралот Ѕи Јин. Поразениот Ѕи Јин конечно го смирува умот.

Билетите се пуштени во продажба на билетарницата во МНТ и преку online мрежата Купи карти за се
https://www.kupikartizase.com/category/mnt

За подетални информации јавете се на +389.2.3230.304
МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?