On-line продажба на билети   МНТ FM - Слушајте театар

Прес-конференција 17 ноември во 10 часот – Премиера „Мајсторот и Маргарита“

Во просториите на „Македонскиот народен театар“, завчера се одржа прес-конференцијата со која се најави новата претстава „Мајсторот и Маргарита“, во режија на одличниот Иван Поповски. -Ова е убава и голема работа за нашата куќа. Едно од најголемите дела во литературата конечно и на сцената на МНТ. Морам да го изразам…

Концерт 5+ БЕНД -Дружбата продолжува-

Чест ни е да Ви ги најавиме предновогодишните големи концерти на 5+ Бенд во Македонскиот народен театар. Членови на 5+ Бенд се омилените ликови од детската играна ТВ серија 5+ Фамилија, а шоуто е производ на соработката меѓу НУ Македонски народен театар и продукцијата ОХО. Концертите се закажани за периодот…

Спектакл - мајсторот Иван Поповски ја поставува претставата „Мајсторот и Маргарита“ од Булгаков

Во рамките на новата репертоарска програма во Македонскиот народен театар привршуваат подготовките на мега-спектаклот „Мајсторот и Маргарита“ од рускиот автор Михаил Булгаков, а во режија на Иван Поповски, кој веќе 27 години од својот живот работи и твори низ театрите во руската престолнина Москва. Театарскиот режисер Иван Поповски (1969) студиите…

Македонскиот народен театар ја стартува новата сезона со гостувања на фестивали во повеќе земји

Македонскиот народен театар со претставата „Електра“, во режија на Андриј Жолдак, на 4 септември го затвора Меѓународниот театарски фестивал НЕТА во Букурешт. Претставата „Електра“ беше избрана за најдобро уметничко остварување во целина на 50-тото издание на националниот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ во Прилеп. Претставата тогаш ја понесе наградата за најдобра…

Светски ден на театарот – 27 март, 2015

Вистинските мајстори на театарот најлесно може да ги најдеме надвор од театарските сцени. Обично тоа се луѓе кои не го третираат театарот како вид на машина за репродуцирање на клишеа и конвенции. Токму тие ги пронаоѓаат пулсирачки извори и живи текови на реките, кои најчесто ги избегнуваат театарските сали и…

Прес-конференција – Премиера „Вујко Вања“

Македонскиот народен театар вечер премиерно ќе ја изведе Чеховата драма „Вујко Вања“ во режија на Зоја Бузалковска, во која игра осумчлена актерска екипа.  Во насловната улога ќе настапи актерот Владо Јовановски, а во актерскиот тим се и Љупка Џундева, Благој Чоревски, Никола Ристановски, Сашка К. Димитровска, Дарја Ризова, Катина Иванова…

ДА БИДЕМЕ ХУМАНИ!

Македонскиот народен театар на 07 февруари 2015 г. (сабота) хуманитарно ќе ја одигра претставата „Не се клади на Енглези“ имајќи ја во предвид вонредната состојба во Штип и околината одлучи приходот од изведбата на претставата да биде целосно дониран на Општина Штип се со цел да им се помогне на…

Прес Конференција - Премера “Алма Малер“

Прес-конференцијата на 22 јануари (четврток) во 11 часот. На сцената на Македонскиот народен театар на 28.01.2015  ќе биде премиерно одиграна претставата „АЛМА МАЛЕР“ по текст на Сашо Димоски и во режија на Васил Зафирчев. На прес-конференцијата ќе присуствува комплетниот актерски тим.      

IN MEMORIAM - Васил Шишков (30.1.1970 – 21.12.2014)

Вчеравечер, на 21 декември, во 45-тата година од животот, во Скопје ненадејно почина Васил Шишков, актер на Македонски народен театар. Шишков е роден на 30 јануари 1970 г. На 24 години дипломирал актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Како професионален актер дебитирал, уште студент, на сцената на…

Прес-конференција – Премиера „Да тргнеме Сењор“

Прес-конференцијата, 18 декември (четврток) во 11 часот. На сцената на Македонскиот народен театар на 22.12.2014 ќе биде премиерно одиграна претставата „Да тргнеме Сењор“ , автор  Ана Ристоска, режисер Нела Витошевиќ. На прес конференцијата ќе присуствува комплетниот авторски тим. *Актерите специјално за новинарите ќе одиграат еден дел од претставата (во траење…

Театарски маратон

По повод една година од отварањето на новиот објект и од првата изговорена реплика „Запишано е! Од Ерусалим во Македонија ќе појдеш“ во претставата Вечната куќа по текст на Јордан Плевнеш во режија на Дејан Пројковски, која беше премиерно изведена на 07 декември 2013 год. По тој повод Македонскиот народен…

Гратис билети и попусти

На студентите им даваме можност без надомест да ги посетуваат претставите, кои се во продукција на НУ Македонски народен театар, а се на репертоарот секој четврток. Од плаќање влезници целосно се ослободуваат децата без родители од 18 години, и 50% ослободување од плаќање влезници за лицата, кои до 18 годишна…

IN MEMORIAM - Вера Вучкова – Жежељ (24.08.1925 – 31.08.2014)

Вера Вучкова – Жежељ (24.08.1925 – 31.08.2014) На 31 август, во 90-та година од животот, во Скопје почина актерката Вера Вучкова - Жежељ, една од членките на иницијалниот ансамбл на МНТ кој на 3 април 1945 ја одиграл својата прва претстава „Платон Кречет“. Во таа историска претстава, Вучкова ја изговори…
МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?