On-line продажба на билети   МНТ FM - Слушајте театар
Ничија земја
Оценете ја претставата

Ничија земја

  • Автор: Данис Тановиќ | Александар Морфов
  • Режисер: Александар Морфов
  • Информации: Сценографи: Никола Тороманов и Валентин Светозарев
    Костимографи: Валентин Светозарев и Никола Тороманов
    Дизајнер на светло: Крис Јегер
    Асистенти на режисерот: Николина Кујача и Никола Кимовски
    Инспициент: Никола Кимовски
    Преведе од англиски: Марија Димитриевска
    Лектор: Тодорка Балова
  • Премиерна изведба: Сабота, 03 Јуни 2017
  • Времетраење: 120
  • Пауза: Не
  • Сцена: Голема
  • Следни изведби:
    No events

Инерција на уништувањето

Во сценариото Ничија земја на Данис Тановиќ станува збор за војната што се случи во деведесеттите години на дваесеттиот век во границите на поранешна Југославија. Причината е слична како и за сите настанати војни ― агресивното опстојување и наметнувањето на своевиден културен идентитет (вклучувајќи ја и верската припадност) што се меша со територијални, политички и економски претензии. Интересно во случајов е дека завојуваните страни ― Бошњаците и босанските Срби ― се многу блиски во секоја смисла. Оттука и впечатокот дека непомирливите разлики меѓу нив се несуштински, а конфликтот ― неодржлив. Тие војуваат, дури не можат точно да утврдат зошто и како започнало сè – се прашуваат, но не наоѓаат одговор. Но продолжуваат да се убиваат... Ако овој текст сепак успева да надогради нешто малку поразлично од веќе познатото во опширно развиената воена тема, тоа се состои во појавата на страшната и бескрајна инерција на уништувањето.

Стојан Радев

БЕЛЕШКА ОД ДРАМАТУРГОТ

Ќе ја деминира ли некој мината под задников!?

За „Ничија земја“ на Данис Тановиќ

„Ничија земја“ е слика на апсурдот на балканските народи и нивните ирационални интеракции како во мирнодопски, така и во „воени“ услови. Братоубиството е дел од битисувањето на народите на ова проколнато парче земја, каде што секој секому е подалечен роднина, секој секого разбира, каде што секој секого мрази и љуби, едновремено.

Драмската ситуација ― војна, во која се развива оваа црна комедија е метафора на нашата перманентна духовна, но и фактичка состојба на „војна и омраза“ со „братските“ соседни народи, но и внатрешно, меѓу нас.

Тановиќ, избира извонредно место за драмското дејство. Ничија земја! Што би се рекло ― ни ваму ни таму, токму така како што сите ние се чувствуваме замешани во оваа балканска каша. Ни ваму ни таму! Тоа е проклетијата наша балканска. Ни ваму ни таму. Ни (со) исток ни (со) Запад. Ни напред ни назад. Ни горе ни долу.  Заглавени во „ничијата земја“ заборавена од светот и векот, за која е изгубена секаква надеж од деминирање на глупавата нагазна механичка мина што сами себеси си ја подметнавме под задникот.

Значи, Данис Тановиќ задава една ваква драмска ситуација. Одат двајца Срби, наоѓаат умрен Босанец, и под задникот му ставаат нагазна мина. Ама, доаѓаат Босанците, го заробуваат едниот Србин, и тогаш од немајкаде оживува умрениот Босанец со нагазна мина под задникот. Мрдне ли, сите одат во воздух. И ете ти малку зафркната ситуација. Потребен е деминер! Итно се бара помош од „штрумфовите“ како што досетливо ги нарекува Тановиќ Унпрофорците. Но, тие не се занимаваат со вакви лудаци што сами себеси си подметнуваат мина под задникот, сѐ додека не се појават медиумите, па препознаваат можност за самопромоција на своите демократски, цивилизациски успеси пред јавноста што се создаваат на лице место. „Се сликаат“ и си заминуваат оти мината што сами си ја поставуваме под задникот никој не може да ја деминира.

Денес е посебно лесно да се препознаеме во метафората на Тановиќ, за жал.

Загорка Поп-Антоска Андовска, драматург




Коментари

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?