header sedista
Соларис
Оценете ја претставата

Соларис

  • Автор: Станислав Лем
  • Режисер: Андриј Жолдак
  • Информации:

    Сценографи: Моника Пормале и Андриј Жолдак

    Костимограф, асистент-сценограф и видео-концепт: Даниел Жолдак  

    Автор на музиката: Владимир Кликов

    Светло-мајстори: Андриј Жолдак и Моника Пормале

    Асистент-режисер: Никола Кимовски

    Асистент-драматург: Јоана Малау

    Камерман: Кузман Клековски

  • Премиерна изведба: Петок, 10 Јуни 2016
  • Времетраење: 150
  • Пауза: Да
  • Сцена: Голема
  • Следни изведби:
    No events
Крис Келвин, психолог, е испратен на една истражувачка станица што лебди над чувствителната и мистериозна планета Соларис, која е покриена со огромен океан и на која најверојатно има живот. Со децении научниците ја проучуваат и се обидуваат да воспостават комуниција со неа, но залудно: океанот не одговара. Чудно е, исто така, што и екипата на станицата, престанува да комуницира со Земјата.
„Ѓаволот е насекаде, и не можеш да се одбраниш од него со тоа што ќе се скриеш во нешто чисто: и таму ќе те најде. Треба да живееш со Ѓаволот и постојано да се бориш со него. Кога умира човекот, постои одредено, вечно духовно мислење за неговиот живот, кој не исчезнува со неговата смрт. Доброто што го направил продолжува да живее со животите на другите, а и лошото што го направил останува да се развива иако животот може да го сврти и на добро. Човечката духовна судбина постои и понатаму, не е конечно решена, но продолжува со одредена надеж, не гаранција, туку надеж за спас.“ Алфред Шнитке во разговор со

Александар Иваншкин

Еден човек се бори со своето минато, со своите гревови и со своите фантазии. Во еден момент од животот добива шанса таканаречена Соларис при што го доживува најстрашниот кошмар и има можност да се изгуби повторно. Тој преминува во алтернативно постоење, паралелна реалност, со што станува голем грешник. Стои на работ на една карпа, но во последен момент решава да не си пресуди самиот. Помошта доаѓа од едно невино девојче, а се состои од различни значења во неговата психа: Реја, девојче, неговата свест, Соларис и нешто што не може да се именува. Верзијата на претставата Соларис на Андриј Жолдак е визуелен театар, медитација на темата за човечката осуда и спасение. Таа е одење по јаже, на кое на едниот крај е реалноста, а на другиот фантазијата. Јажето – клопчето на Аријадна во лавиринтот – е составено од сеќавања за љубовта и загубата. Оваа претстава е оригинална и базирана на еден концепт кој во голема мера се разликува од оној на Лем или на Тарковски. 

Јоана Малау
 

АКТЕРСКА ЕКИПА



Крис Келвин - ДЕЈАН ЛИЛИЌ 
Реја - ДАРЈА РИЗОВА 
Крис (дете) - ДАРИО ЕФТИМОВСКИ 
Реја (дете) - КАЛИНА ТРИПКОВА 
Снаут - АЛЕКСАНДАР ЃОРЃИЕСКИ 
Сарториус - АЛЕКСАНДАР МИХАЈЛОВСКИ 
Таткото - СЛАВИША КАЈЕВСКИ 
Мајката - АРНА ШИЈАК 
Слугинката - ДРАГАНА ЛЕВЕНСКА

 

Коментари

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?