„Чикаго е еден од најпознатите и најизведуваните мјузикли во светот. Дејствoто на мјузиклот е сместено во времето на „лудите дваесетти“ во Чикаго најозлогласениот град во САД во тие години поради огромниот број на криминалци, крадци, убијци... Овој мјузикл е напишан како сатира за корумпираноста на тогашното американско судство, но и системот во целина“. „Чикаго за прв пат е изведен на Бродвеј во Њујорк во 1975 година. Оригиналната поставка, кореографирана од Боб Фоси е изведена 936 пати. Обновена е во 1997 година, исто така во продукција на Бродвеј, со што станува апсолунтно најпопуларниот и најизведуваниот мјузикл. По Њујорк, мјузиклот е поставен во Лондон, а потоа уште во многу градови низ целиот свет“. „Мјузиклот Чикаго е напишан според драмата на Морин Далас Ваткинс од 1926 година, којашто е инспирирана од вистински случаи на убиства за кои во својство на новинар известувала авторката. Оригиналната музика е на Џон Кендер, а автор на стиховите е Фред Еб“.
Автор: Фред Еб и Боб Фоси
Режисер: Наташа Поплавска
Композитор: Џон Кандер
Текст на песни: Фред Еб
Кореограф: Олга Панго
Диригент: Бисера Чадловска
Дизајн на сцена и видео: Емил Петров
Костимограф: Александар Ношпал
Драматург: Загорка Поп-Антоска-Андовска
Асистент кореограф: Ирена Лозинска
Корепетитор за пеење: Марија Димитријевиќ
Клавирски корепетитори: Зоран Станишиќ и Андреј Наунов
Преведувач на текст: Наташа Илиевска
Препев на песни: Маја Павловска
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Инспициент: Вукица Александрова
Суфлер: Тања Ивановска
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев и Милчо Александров
Светло-мајстори: Дарко Младеновски, Владо Ќулавковски
Видео-мајстор: Давор Черепналкоски
Дизајнер на тон: Бојан Угриновски
Тон-мајстор: Ташко Грујовски, Александар Арсиќ и Ненад Трпеновски
Манипуланти на горен и долен погон: Васко Бојаџиски и Трајче Тасевски
Дизајнер на шминка: Горан Игњатовски
Фотограф: Роберт Јанкуловски
Вајар: Ангел Петровски
Забелешка:
Базирано по драмата Чикаго од Маурин Далас Ваткинс.
Мјузиклот „ЧИКАГО“ е копродукциски проект помеѓу Македонски народен театар, Македонска опера и балет и Факултетот за музички уметности, Скопје, Р.Македонија.
АКТЕРСКА ЕКИПА
Јелена Јованова – Рокси Харт
Арна Шијак – Велма Кели
Жарко Димоски к.г. (Театар Комедија) – Били Флин
Ивица Димитријевиќ – Ејмос Харт
Тања Кочовска к.г. (Театар за деца и младинци) – Мама Моротн
Билјана Драгичевиќ – Пројковска к.г. (Драмски Театар) – Мери Саншајн
Ана Стојановска - Ени, Кити
Тина Трпкоска - Џун
Билјана Јовановска -Ханијак
Нина Деан – Лиз
Лиле Миленковска/Саша Саган – Мона
Александар Михајловски – Фред Кејсли, Арон, Доктор и Хари
Александар Ѓорѓиески – Церемонијал Мајстор, Началникот Фогарти и Мартин Харисон
Борјан Тетиев – Судија
Стефан Кочевски-Кројачот
Маја Митровска-Вероника
Марија Крстевска-Правдата
Драган Кочовски – Држават или Вујко Сем
Балет и хор/МОБ
Оркестар/ФМУ
ТЕХНИЧКА ЕКИПА
Извршен продуцент: Симона Угриновска
Инспициент: Вукица Александрова
Дизајнер на светло: Игор Ѓеоргиев и Милчо Александров
Светло-мајстори: Дарко Младеновски, Владо Ќулавковски
Видео-мајстор: Давор Черепналкоски
Дизајнер на тон: Бојан Угриновски
Тон-мајстор: Ташко Грујовски, Александар Арсиќ и Ненад Трпеновски
Манипуланти на горен и долен погон: Васко Бојаџиски и Трајче Тасевски
Дизајнер на шминка: Горан Игњатовски
Фотограф: Роберт Јанкуловски
Вајар: Ангел Петровски
Суфлер: Тања Ивановска
Гардеробери: Фиданчо Петровски, Валентина Чонкова, Светлана Апостолска и Скендер Бериша
Перикери/Фризери: Бранка Пљачковска, Моника Грковска
Реквизитери: Соња Крстевска и Исмаил Баки
Мјузиклот „ЧИКАГО“ се реализира со посебен договор со компанијата СЕМЈУЕЛ ФРЕНЧ, ИНКОРПОРЕИШН
БЕЛЕШКА ЗА МЈУЗИКЛОТ „ЧИКАГО“
Чикаго е еден од најпопуларните бродвејски мјузикли во кој се преплетуваат страст, сплетки, убиства, шоу-бизнис и поткупливи судии и адвокати. Овој висококвалитетен бродвејски хит низ мноштво музички хитови како што се „Цел тој џез“, и низа експресни и висококвалитетни кореографски нумери, на сатиричен начин зборува за Америка од времето на бурните дваесетти години од минатиот век. Приказната почнува кога неостварената музичка глумица и пејачка Рокси Харт, која сонува за успехот на чикашката сцена, го убива својот љубовник. Во затворот го сретнува својот идол – славната Велма Кели. Двете не се плашат од ништо на патот до целта, а во тоа им помага изразито корумпираниот адвокат Били Флин.