header sedista
Управа
  • Директор на Македонски Народен Театар
    2016Дејан Пројковски
    Директор на
    Македонски Народен Театар

    Знам дека вербата и посветеноста се клучните работи во остварување на соништата.

    Со претставата „Вечната куќа“ Македонскиот народен театар ја започнува својата нова театарска одисеја, своето бескрајно патување низ времето и соништата. Долго е патувањето низ времето до добивањето на оваа зграда. Тоа патување е долго неколку илјади години. Започнува со актерите низ античките театри, скомрахите, патувачките трупи, професионалните актери... Затоа, влегувањето во новата зграда е голема обврска за нас кои треба да го продолжиме новиот пат, да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет, јазик и културните вредности, со секоја нова претстава да ја збогатуваме таа бесценета ризница.

    Новата зграда е место од кое Националниот театар ќе тргне во нови театарски походи и освојувања на светската и македонската драматика. Овој театар во своите дамари ќе ги чува од заборав сите драмски текстови, идеи, ликови кои ќе ни бидат компас секогаш кога ќе бидеме исправени пред нови предизвици. Мечтата на сите генерации театарски уметници е остварена, сега имаме дом каков што заслужува нашата публика, каков што го заслужуваме и ние самите. Нашата сцена ќе биде место за создавање на автентичниот театарски универзум. Со кревањето на театарската завеса ќе се отвори новиот театарски бескрај.

    Од секогаш знам дека вербата и посветеноста се клучните работи во остварување на соништата. Нашиот ансамбл е подготвен со голема верба и посветеност да биде душата на овој театарски храм. Свесни сме за предизвикот и за големите можности кои се отвораат пред сите нас. Сега е времето за нов естетски пресврт, за отворање нова страница на која ќе се испишува новиот сценски јазик. Времето пред нас е создадено за градење сопствен театарски идентитет, силен и автентичен. 7 декември 2013 година времето во Македонскиот народен театар ќе се мери со изговорени реплики, одиграни претстави, добиени аплаузи...

    Ова е НАШЕТО ВРЕМЕ

  • Уметнички директор на Македонски Народен Театар
    2016Тони Михајловски
    Уметнички директор на Македонски Народен Театар

    Со претставата „Вечната куќа“ Македонскиот народен театар ја започнува својата нова театарска одисеја, своето бескрајно патување низ времето и соништата. Долго е патувањето низ времето до добивањето на оваа зграда. Тоа патување е долго неколку илјади години. Започнува со актерите низ античките театри, скомрахите, патувачките трупи, професионалните актери... Затоа, влегувањето во новата зграда е голема обврска за нас кои треба да го продолжиме новиот пат, да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет, јазик и културните вредности, со секоја нова претстава да ја збогатуваме таа бесценета ризница. Новата зграда е место од кое Националниот театар ќе тргне во нови театарски походи и освојувања на светската и македонската драматика. Овој театар во своите дамари ќе ги чува од заборав сите драмски текстови, идеи, ликови кои ќе ни бидат компас секогаш кога ќе бидеме исправени пред нови предизвици. Мечтата на сите генерации театарски уметници е остварена, сега имаме дом каков што заслужува нашата публика, каков што го заслужуваме и ние самите. Нашата сцена ќе биде место за создавање на автентичниот театарски универзум. Со кревањето на театарската завеса ќе се отвори новиот театарски бескрај. Со претставата „Вечната куќа“ Македонскиот народен театар ја започнува својата нова театарска одисеја, своето бескрајно патување низ времето и соништата. Долго е патувањето низ времето до добивањето на оваа зграда. Тоа патување е долго неколку илјади години. Започнува со актерите низ античките театри, скомрахите, патувачките трупи, професионалните актери... Затоа, влегувањето во новата зграда е голема обврска за нас кои треба да го продолжиме новиот пат, да го чуваме и негуваме македонскиот идентитет, јазик и културните вредности, со секоја нова претстава да ја збогатуваме таа бесценета ризница. Новата зграда е место од кое Националниот театар ќе тргне во нови театарски походи и освојувања на светската и македонската драматика. Овој театар во своите дамари ќе ги чува од заборав сите драмски текстови, идеи, ликови кои ќе ни бидат компас секогаш кога ќе бидеме исправени пред нови предизвици. Мечтата на сите генерации театарски уметници е остварена, сега имаме дом каков што заслужува нашата публика, каков што го заслужуваме и ние самите. Нашата сцена ќе биде место за создавање на автентичниот театарски универзум. Со кревањето на театарската завеса ќе се отвори новиот театарски бескрај.

 

Сектор 1

Your text...

МНТ ФМ
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА: +389.2.3230.304
АДМИНИСТРАЦИЈА: +389.2.3216.725
МАРКЕТИНГ: +389.2.3216.366

АДРЕСА: ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје, Македонија

e-mail: info@mnt.mk

Какви известувања сакате да добивате?