Арна Шијак е родена на 30 април 1976 г. во Скопје. Дипломира на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ на Факултетот за драмски уметности, Скопје на отсекот актерска игра во 1999 г. Од 2010 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.
Селективна театрографија
Актерката (Без галама, 2018), автор: Мајкл Фрејн, а во колективна адаптација, режисер: Тони Михајловски, копродукција: Македонски народен театар и Брачна игра“;
Тања (МАММА МИА!, 2017), музика и текст: Бени Андерсон, Бјорн Улвеус, текст: Кетрин Џонсон, по приказната на: Џуди Крејмер, режисер: Наташа Поплавска, копродукција: Македонски народен театар и Проспот-Словенија;
(Викај ги среќа, 2016), режисер: Златко Славенски;
Клеопатра Максимовна (Животот е перкрасен, 2015), автор: Николај Ердман, режисер: Александар Морфов, продукција: Македонски народен театар;
Велма Кели (Чикаго, 2015), автори: Фред Еб и Боб Фос, режисер: Наташа Поплавска, продукција: Македонски народен театар;
Телохранител на Клитемнестра, Негувателка на Електра и Орест (Електра, 2014), автори: Есхил, Софокле, Еврипид и Жан-Пол Сартр, режисер: Андриј Жолдак, продукција: Македонски народен театар;
Албин, витез Де Ла Тремуј (Подемот и падот на кабарето, 2013), автор: Артур Шницлер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
(Животот е сон, 2012), автор: Педро де ла Барка Калдерон, режисер: Владо Цветановски, продукција: Македонски народен театар;
Лисицата (Декамерон, 2012), автор: Џовани Бокачо, режисер: Боњо Лунгов, копродукција: Македонски народен театар и Театар за деца и младинци - Скопје;
Глас (Психоза 4.48, 2011), автор: Сара Кејн, режисер: Ѓорѓи Јолевски, копродукција: Македонски народен театар со Театар „Квартет“;
(Копнеж по целина, 2011), автор: Матеја Матевски, режисер: Ристо Алексовски, продукција: Македонски народен театар;
Марија Тимофеевна Лебедјаткина (Бесови, 2011), автор: Фјодор Михајлович Достоевски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
Марија (Така било пишано, 2010), автор: Сашко Насев, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
Д-р Бренон, Келнерката (Темпирана опера, 2010), според „Опера за три гроша“ и „Пеколен портокал“, режисер: Васил Христов, продукција: Македонски народен театар;
Елена (Дипломец, 2004), автор: Чарлс Веб, режисер: Синиша Евтимов, продукција: Македонски народен театар;
Вендела Бергман (Будење на пролетта 2000, 2000), автор: Франк Ведекинг, адаптација: Огнен Георгиевски и Златко Славенски, режисер: Златко Славенски, продукција: Македонски народен театар;
Луси (Опера за три гроша, 1996), автор: Бертолд Брехт, режисер: Владо Цветановски, продукција: Народен театар „Војдан Чернодрински“ – Прилеп.
Селективна филмографија
Нада (Состојба на шок, 2010), режисер: Андреј Коша;
Девојката со сребрена коса (Тајната книга, 2006), режисер: Владо Цветановски;
(Самитот на шаманите, 2006), режисер: Александар Станкоски;
(Како лош сон, 2003), режисер: Антонио Митриќески;
Цветанка (Ноќ спроти Св. Василиј, 2001), режисер: Иван Митевски;
Ремза (Џипски меџик, 1997), режисер: Столе Попов.
Награди
Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1997 г., за улогата на Европа во претставата „Среќата е нова идеја во Европа“.