Актери

Статус на актер

Сите

Емилија Андреева

Емилија Андреева е родена на 18 јули 1955 г., во Прилеп. Дипломира на отсекот за драмски актери на Вишата музичка школа во Скопје во 1977 г. Од 1979 г. работи во Македонски народен театар - Скопје.

 

Селективна театрографија

  • (Троил и Кресида, 2010), автор: Вилијам Шекспир, режисер: Љубиша Ристиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Стилски вежби, 2008), автор: Рејмон Кено, режисер: Нелко Нелковски, продукција: Македонски народен театар;
  • Госпоѓицата Лујза (Посета на старата дама, 1990), автор: Фридрих Диренмат, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • Нина Заречка (Галеб, 1990), автор: Антон Павлович Чехов, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Другарка на Антица (Антица, 1988), автор: Ристо Крле, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Рипката (Гуштерица, 1986), автор: Александар Володин, режисер: Евгениј Лазаров, продукција: Македонски народен театар;
  • Трендафила (Рамна земја, 1985), автор: Ташко Георгиевски, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Евгенија Занданска (Mazedonische Zustände, 1984), автор: Јордан Плевнеш, режисер: Љубиша Георгиевски, продукција: Македонски народен театар;
  • Саша (Иванов, 1984), автор: Антон Павлович Чехов, режисер Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Ходел (Свирач на покрив, 1983), автор: Џери Бок, режисер: Владо Штефанчиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • Емилија (Габи, 1982), автор: Бранко Варошлија, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • Јевросима (Војна и мир во Груда, 1981), автор: Вељко Радовиќ, режисер: Благота Ераковиќ, продукција: Македонски народен театар;
  • (Остен, 1981), автор и режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар;
  • (По претставата, 1981), автор: Николај Василевич Гогољ, режисер: Бранко Ставерев, продукција: Македонски народен театар;
  • Невестата, Гирланда (Кандид, 1980), автор: Волтер, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Малтескињата Лезли (Кенгурски скок, 1979) автор: Живко Чинго, режисер: Бранко Ставрев, продукција: Македонски народен театар - Скопје;
  • (Вечер на Лундиквист, 1979), автор: Артур Лундиквист, режисер: Чедо Камџијаш, продукција: Македонски народен театар;
  • Љубената (Обесеник, 1979), автор: Борислав Пекиќ, режисер: Владимир Милчин, продукција: Македонски народен театар;
  • Валерија (Лов на диви пајки, 1979), автор: Александар Вампилов, режисер: Александар Дунаев, продукција: Македонски народен театар.

Селективна филмографија

  • (Цвеќе на карпата, 1989, ТВ-филм), режисер: Благој Андреев;
  • Евдокија (Време, води, 1980): режисер: Бранко Гапо;
  • (Оловна бригада, 1980), режисер: Кирил Ценевски;
  • (Томи од бензинската пумпа, 1979, ТВ-филм), режисер: Јане Петковски;
  • (Исправи се, Делфина, 1977), режисер: Александар Ѓурчинов.

Награди

  • Награда „Трајко Чоревски“ за најдобар млад актер на МТФ „Војдан Чернодрински“ - Прилеп, 1984 г.;
  • Награда на ревијата „Екран“ за најдобар млад актер за улогата на Евгенија Занданска во претставата Mazedonische Zustände 1984 г.

Дополнителни информации

ТВ серии:

  • (Курирот на Гоце Делчев, 1979).
  • Име Емилија
  • Презиме Андреева
  • Година на раѓање 1955
  • Пол Женско
  • Статус на актер IN MEMORIAM
Виртуелна прошетка Музеј

БИЛЕТАРНИЦА:
+389.2.3230.304

АДМИНИСТРАЦИЈА:
+389.2.3216.725

АДРЕСА:
ул. 11 Март бр. 3, 1000 Скопје

e-mail: info@mnt.mk